• Latest

Бегалците се дел од македонската реалност!

June 20, 2016
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Протести во Дар ес Салам по хаотичните избори во Танзанија, полицијата употреби солзавец и истрели, има убиени

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бегалците се дел од македонската реалност!

June 20, 2016 12:59
in ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За разлика од тензичното лето и есен 2015 на граничните премини и во транзитните кампови, годинешниот Меѓународен ден на бегалците, 20-ти Јуни, Македонија го одбележува во многу порелаксирана атмосфера во поглед на бегалците, длабоко потоната во внатрешно-политичката криза

По повод 20-ти Јуни, Меѓународниот ден на бегалци, Високиот комесаријат на ОН за бегалци – УНХЦР, објави дека во текот на изминатата година, бројот на бегалци и раселени лица во светот, кои избегале од конфликти и репресии, достигна рекорден број од 65,3 милиони лица.

E79130D2-92FA-44DF-86FF-55419EC094BE_w610_r1_s

Годишната статистика на УНХЦР покажува дека лани првпат е преминат прагот од 60 милиони бегалци и мигранти, односно, во просек, едно на секои 113 лица во светот, е потенцијален азилант, внатрешно раселено лице или бегалец.

“Милиони деца како жртви на војни пребегнуваат во други земји. Децата се најранливата популација во вонредни ситуации, се соочуваат со опасности од насилства, искористувања, болести, киднапирања, запоставувања… воените конфликти, како оној во Сирија, очигледно ќе остават последици кај една цела генерација деца, кои секојдневно се жртви и сведоци на насилство и уништување ”, се вели во соопштението на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

9BC96C3F-653B-4C99-BB71-7BB7ADC89E7B_w987_r1_s

Изминатата година, бегалците беа дел и од македонското секојдневие. На граничните премини во Гевгелија и на Табановце, секојдневно поминуваа илјадници бегалци, термин со кој се дефинираат оние кои бегаат од воените подрачја Сирија, Ирак и Авганистан. Со железнички превоз, организиран во договор помеѓу Македонија  и меѓународната заедница, беа превезувани од границата со Грција, до македонско-српската граница, од каде тие го продолжуваа својот пат, со надеж дека ќе стигнат во Европа.

Законот за азил и привремена заштита, во овој контекст претрпе измени и беше овозможено мигрант кој ќе се најде на територијата на Република Македонија, да добие потврда дека може да остане до 72 часа во земјата.

998F72A6-2A83-434D-BCDA-433F87168262_w610_r1_s

За останатите, економски мигранти, кои доаѓаат од држави кои не се директно опфатени од војна, границите останаа затворени. Неретки беа и судирите со македонската полиција, која се обидуваше да го спречи нивниот влез во државата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во повеќе наврати бараше надлежните македонски  институции да ги заштитат мигрантите.

Деновиве, ситуацијата во Гевгелија и во Табановце е поинаква. Бројот на мигранти кои во моментов престојува во двата погранични кампа е неколку стотини, што резултира со тоа – темата за мигрантите да е се поретко застапена во македонските, но и во светските медиуми, кои претходно секојдневно известуваа од терен за состојбата во Македонија.

По повод празникот, Асоцијацијата на млади правници на Македонија и УНХЦР денеска ќе ги  доделат наградите на конкурсот за најдобри новинарски печатени и видео-прилози на тема бегалци во 2015-тата.

Меѓународниот ден на бегалците денска ќе го одбележи и Здружението НУН „Култура“ кое организира „Караван по рутата на бегалците со велосипеди“. Поаѓањето на велосипедскиот караван е напладне од Транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Целта на организаторот е да се солидаризира со бегалците и симболично да потсети на нивното движење со велосипеди по автопатот од јужната граница до Табановце на почетокот на бегалската криза, кое странските новинари минатата година го нарекоа „Tour de Macedoine”.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бегалцивојнаГраницаМакедонијамигрантиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ