• Latest

Билјана Ивановска-Перспективи 2021: Јавноста ја препознава искреноста, професионалноста и желбата за заедничка борба против корупцијата

January 5, 2021

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Билјана Ивановска-Перспективи 2021: Јавноста ја препознава искреноста, професионалноста и желбата за заедничка борба против корупцијата

January 5, 2021 12:20
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Како што знаете корупцијата е навлезена во сите пори, стана начин на живеење, што е многу страшно, тоа е она ситната корупција би рекла. Уште пострашна е законската корупција , каде што се очекува да дадеме свој придонес, меѓутоа не сме единствената институција во таа алка, треба и другите институции кои ги подготвуваат законските решенија, па да ни ги достават за да направиме  антикорупциска проверка  на легислативата“, истакна Билјана Ивановска , претседателка на Државната комисија за борба против корупција и судир на интереси на  конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“.

„Основен чекор што треба да се направи во борбата против корупцијата е борбата на личноста сама со себе, борбата за интегритет, за професионалност, борбата за законито работење и слично.  Интегритетот на една личност и нејзиното професионално работење може да почне да гарантира дека нешто позитивно може да се случува во државата . Сѐ додека приватниот интерес е оној кој што раководи и ги поврзува луѓето без оглед на партиска или било каква припадност  патот е зацементиран. Треба да се зголеми нивото на свеста кај граѓаните дека никому ништо не должи. И нивото на совест кај оние што извршуваат јавни функции дека никој ништо не им должи.

Проблемот со вработувањата и дискреционите овластувања е еден голем проблем во општеството што сите ги засега, меѓутоа којшто гарантира тонење на државата бидејќи не овозможува квалитетни, професионални и компетентни  луѓе да дојдат на одредени работни позиции.

Многу често укажувавме и на судир на интереси. Би го спомнала последното мислење што го дадовме за забраната за вршење на дејност на Куштрим Рамадани којшто се именуваше а директор во  МЕПСО. Се најдовме во еден расчекор би рекла дека мислењето на ДКСК  како да не се почитува во целост/ Искрена да бидам не сакам да верувам во тоа бидејќи има уште простор и за дискусија и за дообјаснување од наша страна. Меѓутоа во оваа прилика би сакала да кажам дека ДКСК  е надлежна за спроведување на законот за спречување на корупција и судир на интереси. Ние не можеме некому да му кажеме на сила да го примени нашето мислење. Меѓутоа ние даваме мислење врз основа на закон кој што е усогласен со европската регулатива и се очекува европски да се однесуваат и избраните и именуваните лица.

Наредната година ќе се соочиме со нашите три предизвици: обезбедување на автоматска обработка на процесите во нашата институција, оној фамозен софтвер кој трета година ќе почнеме да го зборуваме, за кој пред два/три дена добивме согласност од Владата за повеќе годишна јавна набавка и се надевам дека тој процес ќе го завршиме; доекипирање – за првата половина од годината добивме согласност од Министерството за финансии да вработиме 8 нови вработени , а нашето барање беше 16; обезбедување на соодветни просторни услови – прашање кое до ден денеска не се реши иако имаше донесена одлука дека ДКСК треба да се пресели во просториите определени за тоа.

Ќе продолжиме по патот што веќе го трасираме две години. Искуството се калеми од ден во ден. Тука е јавноста, тука сте вие граѓанските здруженија, тука е Платформата со која одлично соработуваме , медиумите и мислам дека имаме поддршка за нашето транспарентно произнесување пред јавноста и мислам дека луѓето ја препознаваат искреноста и професионалноста  и желбата нешто да направиме и да дадеме придонес во ова општество. Ни значи секоја поддршка. Заедно сите ќе може да застанеме на браникот на борбата против корупцијата“, истакна Ивановска.

обработка на текст: Б. Ј.

монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ