• Latest

Бираат ли судиите претседател или папа?

June 4, 2024

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Бираат ли судиите претседател или папа?

June 4, 2024 11:00
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет во понеделник не ѝ дозволи на судијката од Врховниот суд Цветанка Периќ да се повлече од изборите за членови на Судскиот совет што ќе се одржат на 6 јуни, иако таа на 30 мај поднела известување дека се повлекува од изборната трка од здравствени причини.

Во четврток судиите ќе гласаат за два нови члена на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и еден од апелациското подрачје Битола, при што на избирачките ливчиња од редот на врховните судии се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, а од битолското апелациско подрачје се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска и Александра Поп Стефанија.

Членовите на Судскиот совет  барањето на судијката Периќ го оценија како несериозно со коментар дека врховен судија не може да се откаже од изборната трка кога и гласачките ливчиња се веќе отпечатени. Дел од судиите изразија сомнеж во веродостојноста на причината заради која Периќ навела дека се повлекува од изборите и јавно прашаа дали можеби се работи за притисоци или за трговија со влијание. Членовите на Судскиот совет го ставија под прашалник и тоа  Периќ воопшто да врши судиска функција бидејќи, како што рекоа, ако од здравствени причини не може да биде член на Судскиот совет, како може да биде врховен судија?

Членот на Советот Антоанета Димовска рече дека е многу непријатно изненадена од откажувањето на кандидатката.

„Ова е во фаза кога сме пред изборите, целата постапка е завршена. Судскиот совет нема друго дејствие за преземање, сите дејствија се преземени. Не знам какви здравствени причини се во прашање, но, се работи за судија во Врховен суд, а треба да си здрав и за во Врховниот суд “, рече Димовска.

Членот на Советот Селим Адеми истакна дека ова е ситуација која не е предвидена во Законот за Судскиот совет и дека ќе треба да се уреди.

„Советот не може во оваа фаза да интервенира и да ја смени кандидатската листа. Не знам врз која основа можеле да ја прекинеме постапката за избор, но тоа значи дека ќе треба да донесеме нова одлука, па да се утврдува друга кандидатска листа, па пак проверки во избирачкиот список, нов датум за избори итн. Не, оваа фаза е завршена, имаме листа, имаме материјали и треба да донесеме заклучок дека во овој момент не може да прифатиме повлекување на кандидатура“,  рече Адеми.

Тања Чачарова-Илиевска рече дека во оваа фаза Периќ не може да се изземе од изборите, а ако биде избрана за член на Судскиот совет, нејзино право е како ќе одлучи понатаму. Миљазим Мустафа потсети дека ова не е прв пат со ваква ситуација, односно, на изборите во 2020 година кандидат се повлекол два дена пред изборите, но сепак, учествувал на изборите и добил гласови. Судијата Сашко Георгиев предложи со законски измени да се утврди во која фаза од изборите најдоцна може да се повлече кандидат. Судијата Ивица Николовски,пак, рече дека за него не постојат оправдани причини за повлекувањето.

„Со ова известување за здравствени причини, а непоткрепено со ниеден доказ, нема услови во оваа фаза да се повлече кандидатот. Ние како Судски совет во иднина треба да ги испитаме овие наводи. Ако се работи за сериозни здравствени пречки, треба да поставиме прашање, ако не може да биде член на Советот од здравствени пречки, дали може да ја врши судиската должност. А ако не се докажани овие причини, да поставиме други прашања, дали се можни влијанија или притисоци. Се работи за судија од Врховен суд со позитивни резултати во вршењето на судиската должност. Ваквото невообичаено однесување треба да се испита“,  потенцираше Николовски.

Претседателката Весна Дамева рече дека кај неа постои сомнеж со кој е доведена во прашање самостојноста и независноста на судиската функција, но додаде дека не би елаборирала понатаму.

„Едно прашање ќе го начнам. Добро да размислиме дали при донесување на судиски одлуки, имало предомислување по донесената одлука. Еднаш изнесен став, во насока на заштитување на личниот интегритет, треба да остане до крај“,  рече Дамева.

Во понеделникот продолжи изборот за претседател на Уставниот суд, кој опасно се оддолжи. Дури оттаму дојде и оценка дека изборот е блокиран! Во понеделникот (3 јуни) се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови.

Во моментот се вршат консултации помеѓу судиите за продолжението на оваа седница, соопшти портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.  Според неа, досега се одржале осум круга гласања.

– Со оглед дека се уште не е избран нов претседател, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето да се одлучува колективно. Мандатот на досегашниот претседател на Уставниот суд, Добрила Кацарска заврши на 2 јуни 2024 година, по што од денеска продолжи да ја извршува функцијата само како судија на Уставен суд, изјави Беловска.

На прашањето која е причината за поделеноста на гласовите, таа рече дека судиите гласаат по сопствено убедување. Околу тоа како ќе функционира Судот во следниот период и дали ќе се рефлектира не-изборот на претседател врз работењето, таа рече дека работата околу предметите се одвива непречено, се примаат нови и постојните тековно се работат.

Таа потврди дека досега се гласаше за судиите Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ- Бозаџиева и Осман Кадриу, посочувајќи дека Павловска-Данева се повлекла бидејќи не сакала нејзината кандидатура да биде причина за уставна криза. И покрај тоа, на гласањето противкандидатката Татјана Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто беше предложена како кандидат доби 5 (пет) гласа. Исто така, судијата Осман Кадриу го добил истиот број на гласови, односно 5 (пет) во осмиот круг гласање во којшто беше предложен.

Љ. Костовски/ Глобус

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ