• Latest

Бислимоски: Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат струја дека ќе имаат намалени трошоци

December 20, 2022

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат струја дека ќе имаат намалени трошоци

December 20, 2022 14:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат, дека ќе имаат намалени трошоци на електрична енергија, истакнува за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по состанокот на 53-от Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина.

На состанокот со кој како претседател заседаваше првиот човек на РКЕ, биле разгледани мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Бислимоски ги пренесува заклучоците од дискусијата, но говори и за одлуката што на национално ниво треба да се донесе следната седмица за цената на електричната енергија во првите шест месеци од 2023 година, повторувајќи го неговиот став дека тој лично е противник на зголемувањето на цената на електричната енергија.

-Верувам дека со нашите одлуки кои најверојатно ќе бидат донесени во средината на следната недела ќе обрнеме најмногу внимание на малите потрошувачи кои што, да, имаа зголемени трошоци во првите шест месеци од оваа година и гледаме дека тоа им претставува најголем проблем, тоа се компании кои вработуваат најголем дел од населението во државата и сакаме кај нив да ја релаксираме ситуацијата од аспект на трошоци за електрична еергија и најверојатно ќе имаме таму значително намалување на цената на електричната енергија. Исто така и кај домаќинствата не очекувам да има некои сериозни промени, бидејќи на домаќинствата, веќе им е неколку пати зголемена цената на електричната енергија и фер е сега, како што помагаше државата досега со содветни субвенции истото е најавено и за следната година и домаќинствата да бидат малку во порелаксирана ситуација од аспект на цена на електрична енергија,  вели Бислимоски за МИА.

Објаснува дека во овој момент, ЕСМ ги достави своите понуди кај ЕВН хоум за универзалниот снабудувач со електрична енергија, кај Електродистрибуција за цената за загубите на електрична енергија.

–До крајот на оваа недела или в понеделник ќе ја достави понудата за цените за загубите во преносната мрежа. Како што истакнував и пред неколку месеци, јас сум противник на зголемувањато на цената на електричната енергија, имајќи предвид дека кога требаше, Регулаторната комисија за енергетика ја зголемуваше цената на елктричната енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи и оваа е година кога имаме значително зголемено домашно производство на електрична енергија, истакна претседателот на РКЕ и додаде дека кога ќе се вклучи ТЕЦ Неготино, со околу 25 проценти доста ќе ја релксира ситуацијата од аспект на увозна зависност за потребите на малите потрошувачи.

Паралелно  потенцира дека концептот на примена на тарифни блокови продолжува, што веќе е воведен во се повеќе земји, функционира и се применува.

-Така да, уште еднаш ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат дека ќе имаат намалени трошоци на електрична енергија. Таму каде што имаме екстремна потрошувачка, тие се разбира дека ќе плаќаат повеќе, колку што плаќале во иминатите години, порача Бислимоски.

Во однос редовниот состанок на Бордот на Регулаторни тела во рамките на Енергетската заедница, рече дека „сите земји се соочуваат со проблеми и со зголемување на цените и на електричната енергија и на цените на природнот гас, како и на цената за топлинска енергија“, некои земји имаат поголеми некои помали проблеми.

-Но, во суштина едно заедничко е за сите, дека земјите кои што се увозно зависни и за електрична енергија и за природен гас, ги зголемуваат своите цени, бидејќи на тоа не можат да влијаат, а и земји кои беа извозно орентирани како што беше Босна за прв пат од започнувањето на кризата имаме зголемување на цената во делот на еден дел од Босна и Херцеговина во Република Српска, објасни претседателот на Регулативната комисија за енергетика.

Како примери за проблеми во другите земји ги спомена Молдавија и Косово.

Во Молдавија поради намалувањето на испораката на природен гас од „Газпром“, додека пак за Косово објасни дека нивното регулаторно тело се соочува со барање од владините тела да се намалат нивните плати поради што околу 20 проценти од вработените веќе го напуштаат ова реулаторно тело.

-Тоа претставува сериозен проблем за сите регулаторни тела и впрочем во поседниот извештај на Енергетската заедница тоа беше нотирано и за Северна Македонија дека постапките за вработување како за едно регулаторно тело треба да бидат сосема независни во однос на како се прават постапките за вработување кај останатата администрација. Она што заклучивме е дека финансиската независност на регулаторните тела во наредниот период, во земјите од регионот треба да се подобри и за тоа ќе имаме целосна поддршка и од Секретаријатот на Енергетската заеднца и од регулаторно тело на ниво на Европска Унија и се разбира имаме целосна поддршка и од Еврпската Комисија, објаснува Бислимоски за МИА.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а лани во ноември доби втор, двегодишен мандат.

Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен Северна Македонија, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

Фото: миа.мк

Tags: БислимоскиЕСМструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ