• Latest

Битиќи: Германските компании се охрабрени да инвестираат во нашата земја

March 14, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Германските компании се охрабрени да инвестираат во нашата земја

March 14, 2023 14:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија е важен економски партнер на Северна Македонија и нејзин главен извозен пазар и реалните очекувања се дека со почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, интензитетот на севкупната економска билатерална соработка ќе се зголеми.
Ова е главната констатацијата од состанокот на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со бизнис делегацијата на Источниот Комитет на Германското стопанство, која ја придружуваше в.д. амбасадорот Ото Граф, соопштија од владината прес служба.

Во изјавата за медиумите после состанокот, вицепремиерот Битиќи укажа дека Германија е важен економски партнер и наш главен извозен пазар, но од другастрана пак, повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе.

„Показател за добрата соработка е реинвестирањето на германските компании во нашата земја, оние кои се веќе тука, остануваат и го зголемуваат и своето производство и бројот на вработени. И тие истите го шират добриот збор за нашата земја и добрите инвестициски услови на други компании кои ја одбираат нашата земја за свој инвестициски партнер“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека една четвртина од нашата вкупна трговска размена со светот отпаѓа на Германија со значителен суфицит што значи дека повеќе извезуваме кон, отколку што увезуваме од, и дека ЕУ интеграциите уште повеќе ќе ја зголемат оваа економска соработка.

„Реално е да се очекува дека со почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, интензитетот на севкупната економска билатерална соработка ќе се зголеми и за тоа сме подготвени, нудејќи поволна, предвидлива и отворена за соработка бизнис клима“, порача Битиќи, и додаде дека нашата земја нуди одлична поддршка за компаниите кои инвестираат во нашата земја, и дека само портфолиото од неговиот кабинет е составено од над 600 компании кои ги поддржуваме во инвестиции за зголемување на нивната конкурентност, нови производни линии, зголемен број на вработени и инвестиции во истражување и развој.

„Овој процес значително се подобри откако во 2020 година кабинетот со кој раководам стана one stop shop за инвеститорите, што го потврдија и компаниите со кои денеска се сретнавме“, рече Битиќи.

Амбасадорот истакна дека двете земји имаат интензивна соработка, и во моментот тежиште е во автомобилската индустрија, но имаме одлична соработка и во сферата на здравството, при што нашиот стремеж е оваа соработка да продолжи и во другите области.

„Не само бројките туку и параметрите на нашата соработка се одлични. За сите германски фирми кои се овде, Северна Македонија е извонредно место за производство, но исто така и менталитетот е доста сличен што ја прави соработката многу успешна и се одвива со задоволство, така да ни преостанува да ги подобриме уште повеќе односите помеѓу Германија и Северна Македонија“, изјави амбасадорот Ото Граф.

Инаку германската делегација на состанокот беше составена од компании од најразлични области, енергетскиот сектор, здравствениот, банкарскиот и хемискиот сектор, консултански фирми, но и од областа на образованието и воздухопловството.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГерманијаекономијаинвестицииФатмир Битиќи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ