• Latest

Битиќи: Германските компании се охрабрени да инвестираат во нашата земја

March 14, 2023
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
Кијив, 17 ноември 2026 (ДСНС)

Руски ракетен напад врз два моста во Кијив – Украина бара прекин на огнот во Црното Море

November 17, 2026

Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен

November 17, 2026

Прашање на денот: Насилството врз жените не смее да остане само вест! Што мора да се преземе?

November 17, 2026
Парламент на Србија (wikipedia)

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

ЕУ со нови санкции против руски банки, енергетски компании и мрежите за дезинформации

November 17, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Битиќи: Германските компании се охрабрени да инвестираат во нашата земја

March 14, 2023 14:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС
Share on FacebookShare on Twitter

Германија е важен економски партнер на Северна Македонија и нејзин главен извозен пазар и реалните очекувања се дека со почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, интензитетот на севкупната економска билатерална соработка ќе се зголеми.
Ова е главната констатацијата од состанокот на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со бизнис делегацијата на Источниот Комитет на Германското стопанство, која ја придружуваше в.д. амбасадорот Ото Граф, соопштија од владината прес служба.

Во изјавата за медиумите после состанокот, вицепремиерот Битиќи укажа дека Германија е важен економски партнер и наш главен извозен пазар, но од другастрана пак, повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе.

„Показател за добрата соработка е реинвестирањето на германските компании во нашата земја, оние кои се веќе тука, остануваат и го зголемуваат и своето производство и бројот на вработени. И тие истите го шират добриот збор за нашата земја и добрите инвестициски услови на други компании кои ја одбираат нашата земја за свој инвестициски партнер“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека една четвртина од нашата вкупна трговска размена со светот отпаѓа на Германија со значителен суфицит што значи дека повеќе извезуваме кон, отколку што увезуваме од, и дека ЕУ интеграциите уште повеќе ќе ја зголемат оваа економска соработка.

„Реално е да се очекува дека со почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, интензитетот на севкупната економска билатерална соработка ќе се зголеми и за тоа сме подготвени, нудејќи поволна, предвидлива и отворена за соработка бизнис клима“, порача Битиќи, и додаде дека нашата земја нуди одлична поддршка за компаниите кои инвестираат во нашата земја, и дека само портфолиото од неговиот кабинет е составено од над 600 компании кои ги поддржуваме во инвестиции за зголемување на нивната конкурентност, нови производни линии, зголемен број на вработени и инвестиции во истражување и развој.

„Овој процес значително се подобри откако во 2020 година кабинетот со кој раководам стана one stop shop за инвеститорите, што го потврдија и компаниите со кои денеска се сретнавме“, рече Битиќи.

Амбасадорот истакна дека двете земји имаат интензивна соработка, и во моментот тежиште е во автомобилската индустрија, но имаме одлична соработка и во сферата на здравството, при што нашиот стремеж е оваа соработка да продолжи и во другите области.

„Не само бројките туку и параметрите на нашата соработка се одлични. За сите германски фирми кои се овде, Северна Македонија е извонредно место за производство, но исто така и менталитетот е доста сличен што ја прави соработката многу успешна и се одвива со задоволство, така да ни преостанува да ги подобриме уште повеќе односите помеѓу Германија и Северна Македонија“, изјави амбасадорот Ото Граф.

Инаку германската делегација на состанокот беше составена од компании од најразлични области, енергетскиот сектор, здравствениот, банкарскиот и хемискиот сектор, консултански фирми, но и од областа на образованието и воздухопловството.

 

Tags: ГерманијаекономијаинвестицииФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ