Досегашниот вицепремиер за економски прашања и потпретседател на СДСМ во оставка, кој освои пратенички мандат во нoвиот парламентарен состав, Фатмир Битиќи, преку објава на Фејсбук ги демантира шпекулациите што се појавија во медиумите за негово наводно преминување во коалицијата ВЛЕН која води преговори со ВМРО -ДПМНЕ за влез во новата Влада на Северна Македонија..
„Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на „неофицијално дознава…”. Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени. Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!“, истакнува Битиќи.
Д. Мишев