Вицепремиерот Битиќи вечерва на покана на Стопанската комора Македонија-Турција МАТТО се обрати на ифтарската вечера.
„Во овој наш свет месец Рамазан, моето срце е полно кога го славиме вака сложно и заедно, рече Битиќи во своето обраќање
За време на ланските пости повикав на одговорност за да се заштитиме себе и ближните, а оваа година сум среќен дека можеме и вака физички да сме заедно., истакна Битиќи. Овој свет месец не зближува на трпезата, во срцата и молитвата.
За Битиќи, во брзото и непредвидливо време во кое живееме, важно е да се потсетиме на вредностите на кои овој празник низ вековите не учи. Солидарност, подавање рака на онемоштениот, да поделиме со помалку од нас среќниот, на мир во духот за да ја почувствуваме моќта на чистата мисла која доаѓа од молитвата и љубовта за различниот.
Битиќи им се заблагодари на претседателот и членовите на МАТТО, Стопанската комора Македонија-Турција за денешната покана на ифтарската вечера.
Вечерва сум меѓу пријатели и тоа ме прави среќен,рече тој.
Вицепремиерот на сите сограѓани им посака спокоен период на пост и молитва во месецов на Рамазан. Нека има здравје, среќа и бериќет во секое семејство! Во вашето, моето, во турското, македонското, ромското, во сите наши семејства, во ова наше убаво, шарено, богато со традиција и дух „Едно општество за сите“.
Нека е наздравје ифтарската вечера, рече Битиќи на крајот од своето обраќање.