Денеска околу 10 часот на крстосниците на булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори“ во Скопје, при подигање на патничко моторно возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки со специјално возило „пајак“, од страна на Бекир Асани е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот.
Бидејќи Асани агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.
На прашањето, дали висок фукнционер на ДУИ извршил напад врз полциска службеничка, во изјава за ЦИВИЛ Медиа потпаролот на МВР, Тони Ангеловски го потврди настанот. Според МВР се работи за вербален, но не и физички напад.
Дел од медиумите, пак, со поинаква приказна. Според нив службеничката била пренесена во Градската болница за укажување на лекарска помош.
Асани не е приведен во полициска станица.
Д.М.