• Latest
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026 11:11
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија мора да има појасна стратешка визија за проширувањето кон Западен Балкан, а европската интеграција треба да биде процес што ги трансформира институциите, економиите и општествата, а не идентитетите. Ова беше една од клучните пораки од 21. Бледски стратешки форум, кој на 31 август и 1 септември ги собра високите политички и дипломатски претставници од Европа и регионот.

Овогодишниот форум се одржува под наслов „The Power to Shape the Future“ („Моќта да ја обликуваме иднината“)  и е посветен на растечката геополитичка неизвесност, промените во меѓународниот поредок, безбедносните и хибридните закани, економските преструктурирања и иднината на Европа.

На отворањето, словенечкиот премиер Јанез Јанша оцени дека иднината на Европа во голема мера ќе зависи од четири стратешки фактори – безбедноста, отпорноста, демографската виталност и кредибилитетот.

Според него, европската безбедност повеќе не може да се зема како даденост, додека поддршката за Украина е поврзана и со поширокиот принцип дека границите не смеат да се менуваат со сила и дека народите имаат право самите да ја избираат својата иднина. Јанша истакна и дека посилна Европа не треба да се гледа како алтернатива на трансатлантското партнерство, туку како предуслов за неговата долгорочна одржливост.

Во дебатата за иднината на ЕУ, Јанша повика и на повеќе стратешко размислување и помалку регулаторно оптоварување. На панелот на премиери учествуваа и премиерите на Хрватска, Чешка и Унгарија – Андреј Пленковиќ, Андреј Бабиш и Петер Маѓар.

Проширувањето како геополитичка инвестиција

Една од централните теми на Бледскиот форум беше иднината на европското проширување и особено местото на Западен Балкан во новата европска безбедносна и геополитичка архитектура.

На министерската сесија „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“ учествуваа министрите за надворешни работи на Словенија, Хрватска, Северна Македонија и Унгарија, Тоне Кајзер, Гордан Грлиќ Радман, Тимчо Муцунски и Анита Орбан, како и европската комесарка Дубравка Шуица. Во фокусот беа европската безбедност, транспортните и енергетските коридори, регионалната поврзаност и проширувањето на ЕУ.

Словенечкиот министер Кајзер оцени дека проширувањето не е само техничко прашање, туку геополитичка и стратешка одлука, предупредувајќи дека на Западен Балкан не смее да се дозволи вакуум што би можеле да го пополнат други геополитички актери. Тој истакна дека за регионот се потребни побрзи и поодлучни чекори.

Ова се надоврзува на ставот на ЕУ изнесен на самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват во јуни годинава, кога претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека Западен Балкан е дел од иднината на ЕУ и дека проширувањето претставува „круцијална геополитичка инвестиција“. Европскиот совет истовремено нагласи дека процесот треба да остане заснован на заслуги, кредибилни реформи и постепена интеграција.

Муцунски: Европската интеграција да ги трансформира институциите, а не идентитетите

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во своето обраќање ја стави европската интеграција во директна врска со геополитичката реалност во која се наоѓа регионот.

Муцунски порача дека европската интеграција треба да биде модел за трансформација на институциите, а не обид за трансформација на идентитетите. Тој побара напредокот на земјите кандидати да се оценува врз основа на заслугите, реформите и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Стратешка визија“ за проширувањето, според него, значи и конкретно препознавање на напредокот на земјите кандидати кои ги исполнуваат европските критериуми и се усогласуваат со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Муцунски истакна дека Северна Македонија има специфично стратешко значење бидејќи низ нејзината територија се поврзуваат двата коридора. Оттука, транспортната и енергетската инфраструктура не се само економско прашање, туку и прашање на регионална отпорност, безбедност и геополитичко позиционирање.

Безбедноста на Европа сè повеќе се поврзува со Западен Балкан

Дебатите во Блед ја потврдија тенденцијата европската политика кон Западен Балкан сè повеќе да се гледа низ призмата на безбедноста и отпорноста, а не само низ традиционалната политика на условување и реформи.

Во дискусиите беа посочени руската агресија врз Украина, активностите на Кина и Иран, сајбер-заканите, хибридните влијанија и економската принуда како дел од поширокиот безбедносен контекст во кој се наоѓа регионот.

Пораките од Блед доаѓаат во период кога ЕУ повторно се обидува да создаде нов моментум во политиката на проширување.

На самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват во јуни, европските лидери ја потврдија перспективата за членство на земјите од регионот и се заложија за продолжување на постепената интеграција во европскиот единствен пазар. Европскиот совет нагласи дека процесот ќе остане меритократски и реверзибилен, со напредок зависен од реформите и исполнувањето на условите.

Во меѓувреме, Европскиот совет најави и стратешка дискусија за проширувањето и реформите во октомври 2026 година, што дополнително го зголемува значењето на дебатата за идната форма и динамика на европското проширување.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ