-Со воведувањето на новите алатки за дигитална масовна комуникација, се пореметуваат природните циклични промени помеѓу конзервативните (десничарски) и прогресивните (левичарски) гласови и политички чинители. Конзервативните гласови не сакаат да прифатат дека после одредено време треба да ја отстапат сцената на прогресивните гласови. Тие веруваат дека единствно нивиот глас е легитимен и работат на активно подривање на секој што размислува поинаку од нив, вели Павле Богоевски на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“.
-На невладините организации не треба и не смее да им биде работа да се бават со политичките комплекси на страната која не е задоволна од тоа што го говорат.
Одредени структури кои политички профитираат од разнишаноста на демократијата и демократскиот процес, прават компромисот да биде општествено неприфатлив, односно што повеќе да се зголеми поларизацијата во јавниот дискурс. Невладините организации највеќе им бодат очи на овие профитирачки структури, затоа се првата цел. Но, невладините се и најлесната цел за напад. Политичките партии имаат јасни одбранбени механизми.
Прогресивците мораат да сфатат дека не можат сами. Што и да правиме во рамките на поединечни држави, нема да е доволно. Потребна е заедничка акција на повеќе клучни играчи и држави, со цел координирана борба против ваквиот општествено штетен и антидемократски дискурс, порачува Богоевски.