„Ако не го зборуваш јазикот, музиката е јазикот што поврзува“ е пораката на Руд Боргерс, рок гитарист, голем пријарел и соработник на ЦИВИЛ. Тој минатата недела беше дел од Рок школата на Митровица, чии студенти настапија и во Скопје.
Во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, Боргерс вели дека музиката е негов начин да избега од реалноста.
https://www.youtube.com/watch?v=48Jc1-Mj5kc
„Со ЦИВИЛ две години бевме во Струга и имавме бенд со кој по две недели одржавме концерт во Скопје. Беше навистина забавно. Едноставно, не се соочуваш со тагата, туку со радоста“, изјави Боргерс кој цел живот се занимава со музика, а 25 години работи и како учител на млади рок музичари.
Руд Боргерс, инаку, доаѓа од големо семејство во кое, од девет деца, осум биле одлични и успешни музичари. Тој соработуваше на уметнички и едукативни проекти на организациската единица ЦИВИЛ Арт од 2009 до 2013 година. Тој ги подучува младите музичари ширум Европа, па така е дел и од Рок школата во поделената Митровица во Косово. Еднаш годишно, студентите на Рок школата доаѓаат заедно во Скопје за да ги унапредат своите музички вештини, да учат едни од други и да ги надминат предрасудите.
Текст и монтажа: Даниела Нисева
Камера: Атанас Петровски