Зоран Бојаровски владин советник за медиумски реформи на панелот на ЦИВИЛ Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.
„Се разбира, ние не можеме да кажеме дека немаат намера да влијаат, напротив, една од паралелните работи кои се одвиваат, заедно со оваа брутална и со ништо не испровоцирана војна во Украина, е силната војна и силните хибридни напади што се случуваат во сајбер просторот, односно, и во реалниот простор на интернет. Особено заради тоа што, е битно, заради тоа што според сите податоци, денеска огромен број од граѓаните, а особено, да ја наречам – погодна целна група, а тоа се младите, претежно од некоја позрела младинска група, тие во главно се на интернет. И тој тип ја прави особено погодна целна група за да се врши влијание. А влијанието се прави како што се прави со конвенционалните средства за војна, со ист интензитет се прават и овие хибридни закани во сајбер или на интернет просторот, и, се разбира, целта е да се демотивира, да се предизвика сомнеж во вредностите, во однос на руската федерација и вредностите што таа ги почитува и негува, и тоа особено се однесува на земјите кои се или членки на Европската Унија, или на НАТО сојузот, или земји кои претендираат да бидат членки на овие сојузи кои максимално ги вреднуваат западно европските вредности.“, вели Бојаровски.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети