• Latest

Борел: Изборите во Русија се одржаа под зголемена репресија и со ограничен пристап до информации

March 18, 2024

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Борел: Изборите во Русија се одржаа под зголемена репресија и со ограничен пристап до информации

March 18, 2024 12:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските избори што ги организираше Русија од 15 до 17 март се одржаа во многу рестриктивен амбиент, влошено и од илегалната агресија врз Украина, при што руските власти продолжија да ја зголемуваат систематската внатрешна репресија со сузбивање на опозициските политичари, граѓанските организации, независните медиуми и другите критички гласови со користење на репресивно законодавство и политички мотивирани затворски казни, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во писмена изјава во врска со руските претседателски избори.

– Шокантната смрт на опозицискиот политичар Алексеј Навални во пресрет на изборите е уште еден знак за забрзана и систематска репресија. Изборите се одржаа во политички простор кој постојано се стеснува, што резултираше со алармантно зголемување на кршењето на граѓанските и политичките права и спречи многу кандидати да се кандидираат, вклучително и сите оние кои се противат на илегалната војна за агресија на Русија, ги лиши руските гласачи од вистински избор и силно го ограничен нивниот пристап до точни информации. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува важната работа на руските граѓански организации, бранителите на човековите права и независните медиуми, наведува Борел.

Тој натаму потенцира дека ЕУ изразува жалење поради одлуката на руските власти да не поканат набљудувачи на изборите од ОБСЕ/ОДИХР, што, според него, е во спротивност на руските обврски кон Организацијата и ги ускрати на руските гласачи и институции од непристрасна и независна проценка на овие избори.

– Понатаму, Европската Унија силно го осудува незаконското одржување на т.н. „избори“ на териториите на Украина кои Русија привремено ги окупираше: Автономна Република Крим и градот Севастопол, како и во делови од регионите на Донецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Т.н. „избори“ на овие територии претставуваат уште едно очигледно кршење на меѓународното право од страна на Русија, вклучително и Повелбата на ОН, како и на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, наведува Борел.

Високиот претставник на ЕУ нагласува и дека Унијата ја повикува Русија да ги почитува меѓународно признатите граници и суверенитет на Украина, потврдени и со двете резолуции на ОН од 12 октомври 2022 година и 27 март 2014 година.

– Европската Унија повторува дека не го признава и никогаш нема да го признае одржувањето на овие т.н. „избори“ на териториите на Украина, ниту нивните резултати. Тие се ништовни и не можат да произведат никакво правно дејство. Политичкото раководство на Русија и оние кои се вклучени во нивното организирање ќе се соочат со последиците од овие незаконски дејствија, потенцира Борел.

Тој нагласува и дека ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

– Русија мора да ја прекине својата нелегална агресивна војна против Украина и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите вооружени сили и опрема од целата украинска територија, додава Борел во писмената изјава по повод претседателските избори во Русија.

Извор: МИА 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ