Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург во понеделник, 11 април, изјави дека агресијата против Украина може да се опише како голем неуспех на руските трупи и ужас од она што го оставија зад себе на привремено окупираните територии, јави дописникот на Укринформ.
„Руската агресија против Украина има два збора да се квалификува. Прво, неуспех. Тоа е голем неуспех на руската армија. Тие се обидоа да го освојат Киев и беа одбиени. Сега го напуштаат Киев. Тие гледаат дека е невозможно да го заземат главниот град и ги прегрупираат своите трупи на исток“, рече Борел.
Според него, украинските сили се убедени дека руските трупи ќе започнат голема офанзива во Донбас, во близина на нивните логистички бази. ЕУ и некои земји-членки продолжуваат да и даваат помош на Украина за вооружените сили да можат достоинствено да му одолеат на непријателот.
„Вториот збор е ужас. Она што руската армија го остави зад себе се убиени цивили, градови уништени, неселективно бомбардирање – како оној што го видовме на железничката станица [во Краматорск]. Многу сме загрижени од човечките последици од оваа војна. Мариупол е маченички град“, рече Борел.
Тој истакна дека она што ќе се случи на источниот фронт ја прави ЕУ многу поподготвена да продолжи да ја поддржува Украина за да се соочи со оваа битка.
Д.Мишев