Новинарот Борјан Јовановски на Твитер потсети на можеби најголемиот ширач на говор на омраза од времето на режимот.
Инаку Миленко Неделковски не престана со ширење на говор на омраза и по режимот. Во 2018, Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение против него за ширење расистички и ксенофобичен материјал, по пожарите кои ја зафатија Грција. Во 2020 заврши во притвор поради „ковид-журка“, а во истиот период ги „закачи на табла“ и дел од учесниците во Шарената Револуција користејќи говор на омраза, навредувајќи ги активистите нарекувајќи ги кретени кои според него се заслужни да падне легалната, легитимната и демократската власт на Никола Груевски.