• Latest

БОРО ИЉОВСКИ: Ликовниот уметник кој за инает реши да стане Робинзон Крусо

October 13, 2024
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026

🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

April 12, 2026

95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

April 12, 2026

Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

April 12, 2026

Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

April 12, 2026

Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    Унгарија пред затворање на гласачките места: Рекордна излезност и неизвесна трка

    Велика Британија обучувала воени кадри од 14 држави од сопствената листа на ризични по човековите права

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Држава на условни права: Што се случува кога институциите ги газат сопствените договори?

    Илустрација: ВИ

    Правна битка во Брисел за македонските евроинтеграции – дали бугарскиот протокол е дел од ЕУ правото?

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home КУЛТУРА

БОРО ИЉОВСКИ: Ликовниот уметник кој за инает реши да стане Робинзон Крусо

Кога твоето родно место го избришале од картата, можеш слободно да опстојуваш во апстракцијата

October 13, 2024 13:51
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Морам да признам дека за Боро Иљовски дознав сосема случајно. Во еден разговор со веројатно највредниот колекционер на слики од македонското сликарство – Тихомир Кондев, а на прашање кој наш уметник од негов домен на интерес го смета за најзначаен во тој миг, веднаш го спомена името Боро Иљовски. Бев изненаден од споменувањето на човек за кого едноставно ништо претходно не сум чул. Кондев рече дека тој живее во Панчево во речиси комплетна изолација, но одвреме-навреме организира изложби, дека сликите му се продаваат добро и дека во тогашни југословенски рамки е најдоследен приврзаник на апстракцијата во духот и правецот низ кој се изразувал еден Пикасо, на пример.

На Иљовски се присетив кога ја доби престижната годишна награда за ликовна уметност на белградскиот дневен весник „Политика“ од фондот „Владислав Рибникар“, делумно и заради фактот што медиумот кој ја додели не можеше да измолкне од добитникот барем дозвола за пристојно интервју! Или поточно доби само нешто како изјава која немаше поголема должина од една шлајфна (30 редови со машина за чукање), одвај доволна за една од петте колони по кои се препознаваше страницата на „Политика“! Иљовски остана доследен на сликата за себе како некаков Робинзон Крусо, жив, а речиси невидлив со месеци таму близу велеградот. На изложбата која му ја донесе наградата тој се претстави со дури 100 дела, сите тематски поврзани!

Иљовски (Дреново, Егејска Македонија, 17 јули 1942 – Белград, Србија, 14 октомври 2013) почина седум години по доделената награда и одново се врати во меморијата.

ВАЖЕШЕ ЗА НЕКОМУНИКАТИВЕН Сепак неговото дело беше препознаено и признаено

Културната јавност во Србија го смета за свој сликар. Овој уметник е роден во село Дренво на Преспанското езеро, близу до познатото село Нивице (имено таму е потпишан Преспанскиот договор).

Станал дел од бегалските колони создадени после поразот на силите на ДАГ што заминале во 1949 година во земјите на социјалистичкиот лагер, кога имал само седум години, а веројатно со соседите бил интерниран во Полска. А кога дошол во Југославија побарал да оди на студии во Париз, каде се заразил од модернизмот. Кога се вратил назад останал во близина на главниот град на федерацијата, така што некакви посебни контакти со Македонија и немал, иако комуницирал одвреме-навреме со македонската заедница од соседството на Панчево (селото Јабука) и со тамошните доселеници разменувале некакви сеќавања за родниот крај, низ слики што кај него бледнееле. Неговата мајка умрела додека бил многу мал, на неа и не се сеќава, таткото бил фурнаџија, имал уште неколку роднини и тоа во место во кое живееле малку селани. Во селото Дреново, што се водело како дел од леринската околија бил трето дете на таткото Илија и мајката Александра, која не ја памети. До својата седма година живеел со бабата и дедото во родното место. Во неговите тогашни документи се споменува и грчката алтернатива – името Периклис Илиопулос, чиј датум на раѓање го измислила неговата баба за да нема проблеми со тамошните власти.

ПОВТОРНО И ЗАСЕКОГАШ Светот бил некогаш една точка, а може да се дефинира и како мноштво од точки, ако гледаш кон небото

Во Белград од Полска дошол во 1956 година, како помлад тинејџер. Влегол во 1961 година на Академијата за ликовни уметности, а дипломирал во 1968 година во класата на професорот Ѓорѓе Бошан, кај кого завршил и постдипломски студии. Кон крајот на 70-тите и 80-тите се создадени најважните дела на овој уметник: Повторно и секогаш, Никогаш ненадминат, Возбудени обрасци, На црно поле, Личен апартман, Жолт цртеж на црвено поле и така натаму. Тоа било и време на негова целосна афирмација на југословенската сцена, што го потврдува и неговиот избор за југословенски претставник на 41-то Биенале во Венеција во 1982 година. Има ли некој македонски сликар кој ја преставувал Федерацијата на таа манифестација, освен ако тоа не било во група според шемата „братство-единство“?

Неговото место на ликовната сцена се должи на уникатноста на изразот и сфаќањето на просторот – изградил креативен ракопис заснован на шема, на форма на „шара“ што ја исполнува површината на неговите платна.

Бора Иљовски починал еден понеделник, пред девет години, на 14 октомври 2013 година на 71-годишна возраст. Истакнатиот уметник бил погребан на 16 октомври 2013 година на Централните гробишта во Белград.

1 of 8
- +

Зад него останале голем број групни изложби во земјата и странство.

Неговите слики се наоѓаат во бројни јавни и приватни колекции во Србија и во странство. И покрај неговата изолација како стил на живот, добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и наградата за сликарство на изложбата УЛУС 68 (1968 година), откупната награда на градот Чачак на 15. Спомен на Надежда Петровиќ (1989), наградата Горки лист на компанијата Синалко, за достигнувања во областа на културата и уметноста (2006) и низа други.

Првата самостојна изложба ја имал во Галеријата на Графичкиот колектив и Галеријата на Коларац во 1968 година. Се помни дека на покана на авторот на изложбата „Во клисурите на Балканот“, Рене Блок, негова слика била изложена во 2003 година во Kunsthalle Fridericianum во Касел. Неговите дела се претставени на повеќе од 20 индивидуални и голем број групни изложби во земјата и странство.

Сликата „Џез“ (1984), што е дел од изложбата „Азбука“ во белградската галерија Б2, која уметникот ѝ ја подари на музичарката Бисера Велетанлиќ, директно се однесува на она на што уметникот инсистирал, а тоа е дека инспирација за неговиот сликарски процес била музиката, особено џез музиката. Иљовски често зборуваше за неговите реплики како „џезирани линии“, кои реализираат и ритмичка и мелодиска структура, додека бојата избрана за позадина е всушност музичка скала во чиј клуч го доживуваме тој ритам и мелодија.

Критиката смета дека периодот на експериментирање со ленти од различни материјали е значаен за разбирање на творечкиот опус на Бора Иљовски. Во почетокот тоа се ленти од дрво и картон со кои уметникот прво манипулира во просторот, а потоа со техниката на колаж ги поставува на површината на сликата и на крајот ги транспонира во телото на самата слика како мотив. Според самиот уметник, тие се клучниот мотив за разбирање на неговата работа. Во текот на 1980-тите, мотивот на лентата ќе биде заменет со тркалезна форма, а ритамот што беше постигнат во претходните композиции со судирот на колористичките вредности и различниот правец на обоените ленти ќе остане препознатлив дури и во подоцнежната фаза од неговата креативност.

Неговите дела денес се наоѓаат во Националниот музеј и Музејот на современа уметност во Белград, Националната галерија во Берлин, Музејот на ликовни уметности во Будимпешта, Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука, музејот Цептер во Белград, како и во бројни приватни збирки во земјата и странство.

Колекционерот Кондев почина, а неговото богатство е растурено на познати адреси, бидејќи не успеа во последните 10 години да заинтересира некого да отвори легат во земјава кој ја примил неговата колекција на вредни дела на македонски мајстори.

Констатирав дека селото Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново) е раселено село. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција.

Чиста апстракција – сеќавање што не може да се потврди на теренот.

Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: Боро Иљовскисликарство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ