• Latest

Ботови, платени со наши пари, амнестирани од новата власт

January 15, 2018
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ботови, платени со наши пари, амнестирани од новата власт

January 15, 2018 13:38
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред да се донесат големи одлуки и да се направат длабоки резови, криминално-политичкото подземје се прегрупира и ги става во погон добро познатите валкани пропагандни трикови. Се прегрупираат, бидејќи еден дел од нивните началничиња завршија таму каде што им е местото – во притвор. Еден дел од нив „уцвикаа“ и се пикнаа во своите глувчешки дупки.

Пишува: Џабир Дерала

За тоа време, големите началници со најмногу чварки на еполетите и најмногу нули во банкарските сметки, сѐ уште шетаат на слобода и божем ја менуваат капата и униформата. Токму тие се на чело на бандите кои продолжуваат со својата валкана работа. Нивна главна задача е будно да внимаваат на сите околу себе, да продолжат со пропаганда и мобилизација и да висат на социјалните мрежи, да ги дискредитираат луѓето во кои јавноста има доверба. Ботови…

Ботовите не мируваат. Пикнати во администрацијата, помилувани од новата власт, сѐ уште шират лаги и омраза. Со наши пари! Го знаете системот, нели? Еве само еден дел од деталната слика за нивното функционирање. Уште во времето на главниот началник, се вработија во огромен број на различни места во администрацијата, а еден дел од нив е распореден по партиските ќелии и во гротескната грдосија од партиско седиште. Тие имаат задача да бидат пропагатори и стражари на партијата. Работните места што ги окупираат немаат врска со нивните секојдневни, исклучиво партиски, задачи.

Земаат плата од државата, а работат за друг газда. Во текот на изминатите неколку години, дел од нас работеа на разоткривање на оваа партиско-полициско-криминална мрежа, така што денес можеме да се пофалиме дека знаеме подоста детали за неа. Знаеме каде работат, кои се нивните квалификации, но и кои се нивните задачи. Знаеме колку пари заработуваат за својата послушничка работа. И знаеме дека некои од нив не сакаат да го работат тоа, но принудени се да газат врз сопственото достоинство за беден надоместок.

Разочарувачки е како дел од началството најде удобно ухлебие и во новата власт. Ги нарекуваме и сончогледи, но тоа не е најдобриот опис за сите нив. Затоа што, лојалноста на најголемиот дел од нив не ја промени адресата, туку само се „учипија“, како што би рекле коцкарите. Останатите, тие мали ликови без лице и карактер, се само шрафчиња во машинеријата, зобаат од сеното кое им го фрлаат големите началници и работат како што ќе им се каже. Една од нивните улоги е да бидат ботови на партијата. Добро, има и поголеми ботови. Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е еден голем бот, на пример.

Тие ќе се обидат да го сопрат тркалото на промените. Доволно контрадикторно, само по себе е тоа што во тоа најмногу им помага токму новата власт. А ботовите ќе удрат јако. Ќе удрат по она што им е најлесно, ќе фрлат искра таму каде што е супер запалив теренот – меѓуетничките и меѓуверските односи. Придружено со спорот за името и неколку други големи теми за кои оваа година ќе мора да се носат големи одлуки – имаат одличен терен. И пливаат, добро пливаат, благодарение на тивката амнестија што не ја ни очекуваа, а ја добија од новата власт. И ќе предизвикаат непоправливи штети. Вистински непоправливи.

На крајот, одговорни се и ќе бидат првите луѓе на министерствата, установите и јавните претпријатија каде што овие креатури (ботови) спроведуваат валкана кампања, а земаат плата како да работат нешто корисно. Ако раководителите на институциите ги толерираат, во име на некој политички или било каков „мир“ (се разбира дека зборот мир е под наводници во овој контекст!), тогаш токму тие се главните носители на злоупотребите. Ако не ги сопрат ботовите на криминалната клика, тогаш имаме право да веруваме дека се работи за валкан пазар.

Проектите на паднатата клика на Груевски се живи и функционираат под полна пареа. Не им проработи „улицата“, но затоа други компоненти од машинеријата работат непречено. И неказнето.

Но, нештата, сепак се променија. Никогаш веќе нема да биде како порано. Сѐ уште се обидуваат со старите флоскули да постигнат ефект и да ги заработат трошките што им ги обезбедија началниците, а ги плаќаме ние. Разобличени се. Едно-две, ете ги, во офанзиви на социјалните мрежи. На фактите за болните вистини одговараат со евтини и провидни дисквалификации од типот „предавници“, “платеници“ итн. Позната приказна.

Ги негираат вредностите за кои ја дадовме нашата младост. Ако ги споредат вредностите за кои се залагаме, на пример, Универзалната декларација за човековите права, Уставот на РМ и нашите текстови и акции, ќе видат дека се работи за истите вредности. Но, тие не се платени (со наши пари) за да гледаат. Платени се да бидат слепи! И во своето слепило да шират омраза.

Порано сееја и страв, но сега веќе никој не им се плаши. Единствениот исплашени се началниците на кои му служат. И самите се исплашени. Од сопствената сенка се плашат. Но, продолжуваат да пелтечат и да исфрлаат смрдлив отров.

Бевме на улиците и кога со оклопни транспортери, штитови и пендреци го бранеа криминалниот поредок. Нема да нѐ исплашат, ниту да ја намалат вредноста на нашите заложби, ниту придобивките од нашата ненасилна борба за слобода. Јас и моите другарки и другари ќе останеме доследни. Сѐ повеќе нѐ има. „Има их!“ – ми се врти песната на Рундек во моментов…

Tags: администрацијаботвластВМРО-ДПМНЕначалниципропаганда
Share125Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ