ДРАГАН МИШЕВ
Како и секоја година, така и оваа, дел од домашните политичари, како и на социјалните мрежи, честитките за Божик на 25 декември ги испраќаат, според едно одамна воспоставено клише, само на верниците од католичка вероисповест.
Иако со најдобри намери, на овој начин, најверојатно од неинформираност, се запоставуваат другите религиозни заедници кај нас кои Божик го слават според грегоријанскиот календар. Освен католиците, Божик на 25 декември слават и протестантите и дел од православните верници, кои го имаат усвоено неојулијанскиот календар, кој се совпаѓа со Грегоријанскиот календар до 2800 година, меѓу кои спаѓаат Грција, Романија, Бугарија, како и соседна Албанија, од неодамна и Украина, а последниве години Молдавците го прославуваат Божиќ и во нов и во стари стил, со црвено се означени датумите 25 декември и 7 јануари во календарот.
Северна Македонија остана во друштво со Русија, Белорусија, Србија, Црна Гора, Република Српска, Грузија кои го слават Божик на 7 јануари според соларниот календар што го воведе Јулиј Цезар во 46 п.н.е.
Затоа, кога следниот пат ќе решите да го честитате Божик на 25 декември, најкоректно е честитките да бидат упатени кон верниците кои празнуваат според Грегоријанскиот календар. За да нема повредени национално-верски чувства, па некој да се сети да ги (зло)употреби за некои идни блокади.
ЧЕСТИТ БОЖИК, НА СИТЕ КОИ ГО СЛАВАТ!