• Latest

Британски научници: Утврдени симптомите на „омикрон“ сојот на коронавирус

December 17, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Британски научници: Утврдени симптомите на „омикрон“ сојот на коронавирус

December 17, 2021 20:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Најчести симптоми на новата варијанта на коронавирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот.

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува Глас Истре.

Исто така, се нагласува дека омикронот се размножува десет пати побавно во белите дробови во однос на претходните варијанти, односно дека почесто останува во горниот дел на респираторниот систем, односно во бронхиите.

Анализата на случаите на коронавирус во Лондон, каде се забележани најголем број случаи на омикрон во земјата, покажува дека најчестите знаци на инфекција биле течење на носот, главоболка, замор, кивање и болки во грлото, кои не се класични симптоми на Ковид-19, кој обично доаѓа со висока температура.губење на вкус и мирис и силна кашлица.

– Се надеваме дека луѓето ќе ги препознаат знаците на омикрон. Тие луѓе дефинитивно треба да останат дома и да не се дружат со други за да не ја шират болеста, рече епидемиологот Тим ​​Спектор, шеф на најголемата британска студија за следење на симптомите на Ковид-19.

Тој препорачува претпазливост бидејќи не може со голема сигурност да се потврдат информациите дека омикронот сепак предизвикува поблаг облик на болеста, бидејќи изворно е послаб мутант или е помалку опасен кај популација со поголем имунитет.

Можно е двете причини да се комбинирале и така влијаеле на намалување на опасностите, велат научниците. Сепак, останува фактот дека омикронот се размножува 70 пати побрзо од делтата, во горниот респираторен тракт, па веројатно тоа е причината за неговото брзо ширење кај населението. Поголемото вирусно оптоварување поблиску до грлото значи дека луѓето веројатно ќе издишат и повеќе вирусни честички. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ