Напорите кои се фокусирани на прочистувањето на судството во Северна Македонија, како и оние за судска транспарентност, дигитализацијата и адресирање на проблемите со корупцијата ги сметам за одлични, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во интервју за Гласот на Америка.
Според неа, овие реформи треба да продолжат и да бидат континуиран процес, а мора да се осигура дека правда ќе има за сите.
„Во Северна Македонија има одлични напори да се зголемат реформите во судскиот систем, има неодамнешни најави, конкретно фокусирани на чистење на судството, за судската транспарентност, дигитализација и адресирање на проблемите со корупцијата. Но, крајно треба да се осигурa да има правда за сите, судска независност, транспарентност, правен и етички кодекс кој секој треба да го почитува. Ова не е нешто што се применува еднаш, туку мора да биде посветена заложба и процест, исто како што е во САД“, изјави Брнз.
Амбасадорката најви дека САД ќе продолжат да работат со Владата во насока на поддршка и продолжување на веќе започнатите судски реформи.
Реформите на правосудството дел од владиниот план наречен „Акција 21“ со кој треба да се донесат европските стандарди дома. Во таа насока на крајот на минатата година министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со првите луѓе на Судскиот Совет и Обвинителството ги презентираа контурите на планот, односно методологијата, според која се направи проверка на работата на судиите и обвинителите.