• Latest

(ВИДЕО) Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот

July 13, 2020
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Бројни случаи на кршење на изборниот молк, говор на омразата и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот

July 13, 2020 16:27
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ издаде соопштение врз основа на извештаите од набљудувањето на изборниот процес, обработени до 12:30 часот денеска. Според соопштението, набљудувачите на ЦИВИЛ веќе од почетокот на изборниот молк на полноќ, бележат бројни случаи на кршење на изборниот молк.

„Некои содржини на социјалните мрежи кои ги објавуваат политичките партии се вешто заобиколување на правилата за изборен молк и формално можеби не го кршат Изборниот законик, но може да се протолкуваат и како пропагандна активност“ – истакна Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во првото видео обраќање во тридневниот избирачки процес.

Мониторингот бележи еден случај на пропагандна активност на одредена партија во општина во источниот регион, каде што, иако не е директна пропаганда на социјалните мрежи, се работи за мал партиски собир на јавно место, што е спротивно на принципите за почитување на изборниот молк. Притоа, забележливо е дека присутните не се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот.

Дистрибуција на флаери од една политичка партија во изборен молк се бележи во центарот на Скопје. Сѐ уште се обработуваат извештаите од другите делови на земјата.

Регистрирани се 27 спонзорирани содржини со политичка реклама на Фејсбук од шест политички партии до 10 часот утрово. Во моментот на затворање на извештајот во 12:30 часот, се констатира дека преостанале содржините на уште пет политички партии со политичка реклама на Фејсбук. Според експертите со кои се консултира ЦИВИЛ, ова е недозволена и противзаконска активност на политичките партии.

Се бележи една спонзорирана содржина од политичка партија на онлајн играта Спајдер во време на изборен молк.

Една политичка партија објави видео со политички пропагандни пораки еден час по полноќ, откако настапи изборниот молк. Истата партија во моментов има три спонзорирани содржини, според мониторингот на ЦИВИЛ.

„Напоменувам дека бројките што ги соопштува ЦИВИЛ се однесуваат на случаи до кои дошле набљудувачите на организацијата, но бројот на случаи, секако, може да биде и повисок“ – напомена Дерала во своето видео обраќање.

Две Фејсбук страници, блиски до одредена политичка партија, објавуваат пропагандни содржини во изборен молк.

Висок претставник на една политичка партија даде интервју кое се емитуваше во живо и на социјалните мрежи во 11 часот денеска, во кое не се воздржуваше од политички пораки и споменување на политичките партии и нивните претставници. Тоа е активност која е спротивна на Законот.

Една политичка партија делеше заштитни маски со лого на партијата, односно со редниот број на гласачкото ливче во близина на плоштадот Скендер-бег во 11 часот.

Говор на омраза и лажни вести се бележат и на Фејсбук страницата на едно медиумски експонирано лице, блиско до одредена политичка партија.

Во периодот на изборниот молк, еден час по полноќ, се бележи и една објава со говор на омразата кон ЦИВИЛ и кон претставници на организацијата врз етничка и политичка основа. Во објавата на Фејсбук страницата веќе подолго време позната како извор на лажни вести и говор на омраза, имаше и голем број сериозни закани до организацијата и до животот на луѓето поврзани со неа. Објавата беше симната откако беше онлајн околу 10 или 11 часа, односно, при проверката во 10 часот утринава, таа објава веќе ја немаше.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски и албански јазик редовно објавува информации од мониторингот на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ