До средината на мај, повеќе од 6 милиони луѓе ја напуштија Украина поради руската инвазија. Уште 8 милиони станаа внатрешно раселени лица, пренесува Подробности.уа.
Соопштено е дека украинските бегалци влегле во Европската унија преку граничните премини во Полска – повеќе од 3 милиони луѓе, Романија – 846.000, Унгарија – 539.000, Молдавија – 449,000, Словачка – 385.000, додека во Русија -703.000 и Белорусија – 25.000.
Во исто време, од 28 февруари 1.410.500 Украинци се вратиле дома од странство.
Според IOM (Меѓународната организација за миграција), уште 8 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови и да станат внатрешно раселени лица во Украина.
Подготви: Жорж Димовски