fbpx
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)
Зоран Иванов
Илустрација: Изборни динамики во Северна Македонија: Национализам, руско влијание, политичка инертност (во соработка со deepAI)
US Defense Secretary Lloyd Austin. (Photo by Georgi Paleykov/NurPhoto)

Бугарија ја укинува таксата на руски гас во замена за влез во Шенген зоната

Бугарија планира да се откаже од таксата за транзит на руски гас низ нејзината територија, со цел да ги подобри односите со членките на Европската унија и да се приклучи кон Шенген зоната.

Како што јавуваат бугарските медиуми, откажувањето од таксата за рускиот гас е со цел повлекување на забелешките кои ги имаат Австрија и Холандија за приклучување на земјата во Шенген зоната, за што се водат преговори помеѓу министрите за надворешни работи на Австрија, Бугарија и Романија во Словенија

Како што објави Блумберг, воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот,

Според бугарските медиуми, од спорниот данок немало значителен приход во бугарскиот буџет, поради што се верува дека од самиот почеток неговата намена била да се изврши притисок во преговорите за Шенген.

Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

„Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни“, изјавил Борисов.

Print Friendly, PDF & Email

CIVIL MEDIA NEWSLETTER