• Latest

Бугарија со „ретуширање“ на фотографијата во обид да ја сокрие наклонетоста на Блинкен кон Ковачевски

February 21, 2022

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА САТИРА

Бугарија со „ретуширање“ на фотографијата во обид да ја сокрие наклонетоста на Блинкен кон Ковачевски

February 21, 2022 11:12
in САТИРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тимот за односи со јавноста на бугарскиот премиер Кирил Петков беше уловен „ин флагранти“ при спроведување на  дејствието на ретуширање на историјата во обид. Аналитичкиот центар за опсервација и толкување на сигналите од говорот на телото „Твое тело-твој збор“ направи анализа на овој чин. За што всушност станува збор?

Откако на 19 февруари беше објавена фотографија на која се гледаат македонскиот премиер Димитар Ковачевски, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков, веќе на 20 февруари, таа иста фотографија беше обработена на начин што македонскиот премиер е едноставно „исечен“ од фотографијата.

Зошто некој би го направил тоа? Едноставно, на аналитичарите на говорот на телото ангажирани во тимот за односи со јавност на бугарскиот премиер Петков, не им се допаднало тоа што го виделе на оригиналната фотографија. На неа, главата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен е навалена кон македонскиот премиер Ковачевски, што во анализите на говор на тело јасно покажува дека Блинкен е повеќе наклонет кон македонскиот премиер отколку кон бугарскиот, со самото тоа и наклонетоста на САД кон Северна Македонија во спорот си Бугарија.

Од тука, јасно се гледа дека скандалозното, дилетантско „ретуширање“ на фотографијата, Бугарија има за цел да ја изврти непријатната вистина и лажно да прикаже поддршка на Блинкен за Петков, на сметка на Ковачевски.

Бугарските аналитичари знаат дека говорот на телото е неискажаниот дел од комуникацијата што го користиме за да ги откриеме нашите вистински чувства и да и дадеме поголемо влијание на нашата порака.

Комуникацијата се состои од многу повеќе од зборови. Невербалните знаци како тонот на гласот, гестовите и држењето на телото, во овој случај главата, ја играат својата улога.

Аналитичарите од Бугарија ја имале на ум  статистиката дека само седум проценти од пораката се пренесува преку зборови, а останатите 93 проценти доаѓаат од невербална комуникација.

Затоа, не зачудува ваквата реакција од бугарска страна, имајќи предвид дека и во минатото биле големи љубители на ретуширање на историските факти, свесни дека низ историјата најчесто се наоѓале на погрешната (губитничка) страна.

Аналитички центар за опсервација и толкување на сигналите од говорот на телото „Твое тело-твој збор“


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ