• Latest
МИА

Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одлагањето на приемот во Шенген зоната

July 9, 2024

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бугарија загуби речиси 650 милиони евра поради одлагањето на приемот во Шенген зоната

July 9, 2024 12:37
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Како последица на тоа што не беше целосно примена во Шенген зоната, Бугарија годинава загуби околу 648 милиони евра, од кои 423 милиони евра директни загуби и 225 милиони евра изгубени бенефиции, се наведува во извештај на Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН).

Податоците во извештајот, изработен за потребите на бугарското Министерство за економија, се попесимистички од прогнозите на Сојузот на меѓународни превозници, кои предвидуваа загуби на годишно ниво од околу 500 милиони евра.

Според бугарскиот министер за економија Петко Николов, секое понатамошно одлагање на приемот на Бугарија во рамноправно членство во Шенген зоната ќе резултира со „поголеми загубени придобивки и за бугарската и за европската економија“.

Од крајот на март годинава на граѓаните на Бугарија и Романија им е овозможено слободно преминување на границите со членките на Шенген зоната само по воздушен и воден пат, додека и натаму се во сила граничните контроли на копнените премини на двете земји кон останатите држави од зоната. Ваквата одлука беше донесена на барање на Австрија, која сметаше дека двете земји не ги исполнуваат целосно условите за прием во Шенген зоната.

Николов оцени дека целосниот прием на Бугарија во Шенген зоната претставува „клучен момент за европската интеграција“, нагласувајќи дека укинувањето на контролите на копнените граници ќе доведе до заштеди од емисиите на јаглерод од транспортот во вредност од 3,75 милиони евра. Според Николов, целосното приклучувањето на земјата кон Шенген зоната ќе ги намали и гужвите на бугарските граници со Романија и Грција и ќе придонесе за зголемување на обемот на трговијата, намалување на трошоците за извозниците, скратување на времето на патување и на испорака, како и поедноставување на административните проверки, што ќе резултира со поголем потенцијал за развој на пограничните области и за помали штетни ефекти по животната средина од камионите кои чекаат на граничните премини.

Николов додаде и дека Софија го оценува како „исклучително позитивен“ фактот што меѓу приоритетите на претседавањето на Унгарија со ЕУ, во втората половина на оваа година, е и полноправното членство на земјата во Шенген зоната.

– Високо ја цениме поддршката на Унгарија за брзо, побрзо и би рекол спасоносно пристапување на Бугарија и Романија во Шенген зоната и се надевам дека до крајот на годината тоа ќе стане реалност, рече Николов.

Меѓутоа, бугарски европратеник Илхан Ќучук смета дека Бугарија најверојатно нема да стане полноправна членка на Шенген во текот на оваа година, имајќи ги предвид парламентарните избори во Австрија закажани за 29 септември.

Tags: БугаријаШенген зона
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ