• Latest

Бугарската Влада и амбасадата на САД во Софија го подржуваат Договорот, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сомничава!

July 26, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарската Влада и амбасадата на САД во Софија го подржуваат Договорот, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сомничава!

July 26, 2017 18:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија треба да придонесе кон почитување на европските вредности. Со Договорот се очекува засилена соработка меѓу двете земји, но и соработка на Македонија со земјите од ЕУ.

И Владата на Бугарија го одобри Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, со став дека потпишувањето на Договорот е израз на желбата на Бугарија да изгради добрососедски односи засновани на европските вредности.

Бугарската Влада го одобри и Меморандумот за соработка меѓу нивното Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации и Министерството на за транспорт и врски на Република Македонија за развој на железничките врски меѓу Софија и Скопје. Обврската на Бугарија е до 2027 да ја комплементира железничката врска Софија – Перник – Радомир – македонска граница, а задача на Македонија е да ја комплементира железничката врска Крива Паланка – Деве Баир – бугарска граница.

Меморандумот за соработка во областа на природниот гас меѓу Министерството за енергетика на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Македонија подразбира и нова директна врска меѓу гасните системи.

И американскиот амбасадор во Софија, Ерик Рубин, го оцени договорот како позитивен чекор за целиот регион. На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, амбасадорот Рубин истакна дека дека ја подржуваат визијата на Бугарија, давајќи ѝ можност да одигра клучна улога, како следен претседавач со ЕУ.

Во Македонија, само опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е сомничава кон Договорот. Партијата бара итна, јавна и отворена седница на Собранието за Договорот. Според изјавата на Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека договорот е штетен за Македонија, односно  дека Собранието треба да го разгледа договорот и да донесе заклучоци дали треба да се потпише или не. Димовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи само договор што на Македонија ќе ѝовозможи брз влез во Европската унија и во НАТО, а не договор кој ќе биде користен како алатка за одолговлекување.

Исто така, на прес-конференција, Димовски ја обвини Владата дека не нуди инклузивност, транспарентност и одговорност, односно, дека од премиерот била ветена можност за подобрувања и измени, а се претставува текст кој, според официјална Софија, не може да претрпи никакви измени. Димовски побара договорот да се потпише со забелешките кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му ги посочиле на премиерот Заев.

 

Tags: Бојко БорисовБугаријаВлада на БугаријаВМРО-ДПМНЕЕрик РубинЕУИлија ДимовскиМакедонијапочитување на европските вредностиСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ