Бугарски свештеник ја попрска со крст и света вода колоната на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, против коронавирус и уроци, при посетата во Софија.
„Си велам, кога е веќе во Софија, зошто да не ја искористам приликата и да не го попрскам Зеленски со света вода против уроци и коронавирус. Веќе година дена е главна фаца и сите сакаат да го видат, да се поздрават со него, да го гушнат, исто како некое бебе кога ќе се роди (ха-ха-ха), ама никој не му вели „машала“ или „пу-пу-пу да те серат кокошките“ како што е позната традицијата кај нас“, вели бугарскиот свештеник за Озбилно.
Тој додаде дека едвај чека да заврши руската агресија и да замине во Украина да ги попрска со света вода сите улици, сокаци, реки и езера, училишта, старечки домови, градинки, полиња со жито и пченица, за да ги исчисти од грдите сеќавања на Путин и Пригожин.
Анатемен
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.