• Latest

Бугарското Собрание „за“ почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

October 10, 2019
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарското Собрание „за“ почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

October 10, 2019 11:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското Народно собрание денеска усвои Декларација со која се предвидува Бугарија да даде целосна поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Како што јави БГНЕС, Декларацијата, која беше прва точка на денешната седница на бугарското Собрание, е усвоена со 129 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.

Во Декларацијата се наведува дека бугарското Народно собрание е посветено на проширувањето на ЕУ и на Процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија.

Во документот се нагласува дека европската интеграција „нема да биде на штета на искривување на историските настани, документи и артефакти, како и на улогата и ставовите на лицата од бугарската историја“.

Со Декларацијата Софија го повикува Скопје да го спроведува ефикасно, без одлагање и со добра волја Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што беше потпишан од премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август 2017 година.

Во текстот се посочува дека Бугарија „се залага за прифаќање на историската вистина за заедничка историја што ја споделуваат двете држави и народи“.

Бугарското Собрание бара земјава целосно да го спроведе „договореното и постигнатото во рамки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како и тие да бидат вклучени во училишните програми и материјали во најкус можен рок“ и се бара „да прекине секаква форма на говор на омраза кон Бугарија и кон граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско национално чувство, вклучително и во медиумите и на натписите на спомениците“.

– Да се воздржат од дејствија што се однесуваат на обиди за поддршка и поттикнување на тврдења за признавање на т.н. „македонското малцинство“ во Бугарија, вклучително во меѓународни организации и мултилатерални формати, стои во едно од барањата до земјава наведени во Декларацијата.

Во делот од документот што се однесува на евроинтеграцијата на Албанија, се бара донесување на закон за малцинствата и гарантирање „со максимален степен на правото на бугарското национално малцинство во оваа држава за изучување на бугарскиот литературен јазик како мајчин во регионите во кои живее – Голо брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс“.  Во текстот се бара и спроведување на попис на населението во Албанија во согласност со европските стандарди, со цел да се добие објективна слика за етничкиот состав на земјата.

– Ние, народните претставници во 44. Национално собрание на Република Бугарија, преземаме политичка и граѓанска обврска да инсистираме секоја идна бугарска влада чиј мандат ќе се спроведе во временските рамки на преговарачкиот процес на ЕУ на двете земји, внимателно да го следи спроведувањето на горенаведеното. Врз таа основа и во вакви услови 44. Народно собрание на Република Бугарија го поддржува започнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија и Република Албанија. Во тие рамки Народното собрание ја одобрува Рамковната позиција што ја усвои Советот на министри на 9 октомври 2019 година, се заклучува во Декларацијата.

Бугарската Влада на вчерашната седница усвои Рамковна позиција со која се поддржува започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но се нагласува и дека Софија ќе инсистира на почитување на добрососедските односи.

– Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на антибугарска идеологија спонзорирана од државата, објави по седницата бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот Фејсбук профил.

Извор: МИА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ