Бунтовниците на движењето М23 соопштија дека ја презеле контролата врз градот Гома на истокот на Демократска Република Конго.
Жителите споделија видеа од бунтовниците М23 кои патролираат по главните улици на Гома по молскавичното напредување против конгоанската армија во неделата, при што десетици илјади луѓе бегаат од соседните градови, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
По повеќечасовни престрелки и експлозии на улиците на Гома, дом на повеќе од милион луѓе, сега е тивко, според извештаите на локалните медиуми.
Тоа доаѓа неколку часа откако министерот за надворешни работи на ДР Конго ја обвини Руанда дека објави војна со испраќање свои војници преку границата за поддршка на бунтовниците М23. Руанда вели дека Киншаса ги поддржува милициите кои сакаат промена на режимот во Кигали.
Подготви: Д. Мишев