• Latest

Хан: Реформите треба дa гo подобрат животот на граѓаните, а не да ги задоволат ЕУ и ЕК!

June 26, 2017

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хан: Реформите треба дa гo подобрат животот на граѓаните, а не да ги задоволат ЕУ и ЕК!

June 26, 2017 23:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесрот Јоханес Хан, на денешната посета на Скопје, освен билатерална средба со претседателот на Владата, Зоран Заев,  се сретна и со владината делегација во чиј состав беа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Исто така, Хан присуствуваше на едночасовна тематска седница на Владата, посветена на итните реформски приоритети за евроатлантските интеграции.

„Ја поздравувам Владата за подготвеноста да работи со опозицијата на прашања што се поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ. За ова прашање е потребен национален консезус и повторно ќе нагласам дека местото каде што треба да се води оваа дебата се институциите и Собранието… Многу е значајно да се работи на реформската агенда и да се исполнат итните реформски приоритети и ве уверувам дека од утре ќе почнат да пристигнуваат првите експерти кои ќе ви помогнат, господинот Прибе и неговата група експерти… Реформите не треба да се спроведат само за да се задоволат високи официјални лица од ЕУ и ЕК, туку да се подобрат условите за живот граѓаните“, изјави еворкомесарот Хан на прес-конференцијата, по завршувањето на тематската седница на Владата на Македонија, додавајќи дека е задоволен од градењето меѓусоседски односи на Македонија, посочувајќи го примерот со Бугарија.

„Наша цел е Европската комисија да даде позитивна оценка на Македонија во извештајот за напредокот на земјата наесен, како и да предложи чиста безусловна препорака за почеток на преговорите за членство со ЕУ. За таа цел работиме на подготовка на акциски план наречен ‘Патоказ’што треба да се финализира до 1 јули. Станува збор за предвидени реформи во клучни области, владеење на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела, слободни медиуми што произлегуваат од Договорот од Пржино и забелешките на експертската група на Европската комисија предводена од Рајхард Прибе, Рамковниот договор, извештаите на ЕК за напредокот на Македонија, извештаите на други организации и институции“, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата,  убеден дека присуството на еврокомесарот Хан на седница на Владата е силен сигнал до сите во земјата дека европските перспективи на Македонија се реалност на дофат, а во текот на наредната година фокусот ќе се насочи кон утврдување датум за почеток на предпристапните преговори за членство во ЕУ.

„Пофалби за премиерот Заев за покажаното лидерство со подадена рака кон соседите и ставањето настрана на политичките и етничките поделби“, беше коментарот на Хан на Твитер, пред почетокот на тематската владина седница.

Tags: Зоран ЗаевЈоханес Ханреформиседницасредби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ