Ние имаме искуство со државната пропаганда како општество, и не толку далечно искуство со пропаганда, секој естаблишмент инклинира да има своја пропагандна машинерија која што ќе ги кажува работите онака како што се според нив. Новинарството е тоа кое што мора да се бори, вели новинарката Тамара Чаусидис, одговарајќи на прашањето околу тоа што е државна пропаганда, односно пропагандата за руско-украинската војна.
„Ова што се случува во Русија е навистина страшно, меѓутоа јас им одавам почит на оние кои таму се борат за да ја пренесат вистината, тоа е многу тешко. Има таму храбри луѓе кои се обидуваат да ја кажат вистината. Наоѓаат секакви начини, неодамна слушав еден подкаст каде што луѓе од Литванија се јавуваа на телефонски броеви на обични луѓе во Русија за да им ја кажат вистината што навистина се случува во Украина. Тоа не значи дека и од другата страна нема манипулација, и ние мора да имаме што повеќе информации за да ја дознаеме вистината“, вели Чаусидис.
Д.М.
камера и монтажа: Ариан Мехмети