• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Чекор назад – два во место

April 26, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Чекор назад – два во место

Со ваков блокиран парламент и ова потребно реформско време си заминува во непродуктивен неповрат, па нови парламентарни веќе на прагот на претстојното лето, можеби би можеле да бидат барем уште една надеж.

April 26, 2021 10:41
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Некако вака како во насловот можеби и би можело да се констатира актуелната македонска политичка криза рефлектирана преку собраниска, именувана со шаховски речник, пат состојба. А и нема сигнали дека на повидок е негова деблокада. За негово елементарно демократски парламентарно плурално функционирање.

Ако собраниската блокада потрае, а веќе предолго трае и тоа од ланските предвремени јулски до денес, тогаш нема друго, туку пак предвремени парламентарни. Пак во нова изборна неизвесност како превентива од поголема криза. Или тоа или оваа предолга непродуктивност на основната институција на државата ќе мора да се прифати како нешто неизбежно. Како наша судбинска елементарна непогода. Како наше автентично политичко секојдневие. Па, до каде ќе стасаме, дотаму. А ќе стасаме до никаде.

И, вообичаено, кога сме во политичка криза, кога еве и парламентот речиси блокиран и не работи, кога тоа се случува во континуитет, пак поттурнуваат откај меѓународната. Потпомагаат барем од време на време да се стиши нашиот овдешен  примитивен менталитет на нетолеранција. На инает предизвикан од фрустрации што опозициските партиски субјекти се изолирани од грнето мед именувано како државен буџет, инаетот чија цена е многу повисока од интересите на државата и нејзините граѓани. Тогаш, во едни вакви актуелни околности, избори се барем некаква извесност Република Северна Македонија по кој знае кој пат да се обиде да застане на нужниот реформски колосек.

Уште малку, па цела една година власта, актуелната владејачка коалиција, не успева барем во некакви, минимум раат, околности да ги  спроведува своите проевропски програмски агенди. При вакви блокади, парламентот проработува само парцијално и тоа сè некако на сила. Или само под притисок на јавноста или само под добронамерна, па сепак присила, на влијателните странските дипломати. Актуелната собраниска работна ефектива се сведува на лотариска премија. Во такви околности, било какви  ЕУ реформи практично се невозможна мисија. Македонскиот парламент во овој состав е практично неупотреблив.

Па, следејќи ја логиката, состојбата неминовно упатува на нужност од нови избори. И тоа на избори во услови на тешка пандемиска криза со импликации на уште потешка економска и на уште позаканувачка социјална криза. И токму во ваквите непосакувани околности предизвикани од процедуралните и од амандманските трикови, опозицијата го блокира законодавниот дом, реформските понуди на власта, но ги блокира и егзистенцијалните и секаквите други процеси во државата. Оттука, за некакво ЕУ реформско поместување, за некаква консензуалност во таа насока, воопшто и не може да стане збор. Секако, меѓу клучните прашање е и што со ваквите постапки добиваат опозициските партии? Можат ли тие општата криза во државата да ја преобразат во своја политичка корист преку нови избори? Можат ли да се докопаат до буџетот како елементарен мотив да се учествува во македонскиот профитно политички живот?

Ова, бидејќи во нашиве клиентелистичко коруптивни околности излегува дека само тие народни пари се мотивот за беспоштедните непродуктивни меѓупартиски глодарења од кои излегува дека македонскиот европски од е во некаква нова кореографија. Во некаква игра во ритмот „чекор назад – два во место“ што сложно ни го приредуваат нашите партиски кореографи вгнездени во актуелното државно собрание.

А слушаат ли тие воопшто што за нив мислат граѓаните, нивните избирачи? Свесни ли се за тоа каква е политичката слика проектирана во јавноста за овие нивни собраниски блокаторски дејствија? Дел од одговорите, покрај катадневните реакции на социјалните мрежи, се рефлектирани и во априлското истражување на невладиниот Македонски центар за меѓународна соработка. Во него, горе, долу, плус минус процент, два, сосема реално е отсликано актуелното расположение на македонските граѓани и тоа како спрема власта така и спрема опозицијата и воопшто спрема политичките фактори во државата.

Прво, три цели децении во континуитет, Македонија е најсиромашната земја во Европа. Само тој факт генерално го детерминира масовното граѓанско нерасположение. Второ, и во услови на оваа пандемиска психо економска ситуација, згора и со веќе едно цело мало купче непотизам, клиентелизам, плус и по некоја тендерско коруптивна афера и аферичка, парадоксално, а сепак фактографско, процентот од дури 42 % искажана доверба за актуелната власт е изненадувачки висока. Со ваков процент доверба, би биле презадоволни многу влади дури и во економски и демократки развиените држави.

Сепак, поразителното е што и оваа анкета регистрира отсуство на алтернатива. Граѓаните, мнозинството од нив, не можат да ја препознаат во опозицијата. И секако, непобитното што произлегува од ова испитување на јавното мислење е во фактот што  огромното мнозинство испитаници регистрираат дека државата е во политичка криза. Анкетираните впечатокот очигледно го извлекуваат од нефункционирањето на парламентот и оттука излезот, реално, го гледаат во брзи нови избори, па – кому иде.

Од рефлексиите на ова испитување на јавноста, за анализа е впечатлив уште еден факт. Имено, регистрирано по етничка основа, во тие 42% испитаници што ѝ даваат доверба на владата, дури 61,8% се граѓани од албанска националност. Податокот сам по себе зборува за евидентна непомирлива поделба меѓу влијателните политички партии во земјава, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за вкопаност во партиски табори, на поделеност во навивачки партиски групи кои на многумина им ја засенуваат објективната ситуација во општеството. Евидентно е дека таквата поделеност не произлегува само од идеолошките лево-десни разлики. Туку главно поради партиските контаминации кои веќе три цели децении се сведени исклучиво на беспоштедни битките за гола власт. Во тој вулгарен меѓупартиски натпревар без било кави етички начела, страда македонската европска перспектива.

Оттука и се повидливи сигнали за нови избори. Но, исто така и сомнежи за било каков позитивен епилог од нив. Во таа насока, вредно е да се споменат бројните укажувања на политичките аналитичари дека нови предвремени парламентарни нема да променат ништо и дека тие ќе бидат само изгубено време.

Но и со ваков блокиран и нефункционален  парламент, времето, ова потребно реформско време, исто така, си заминува во непродуктивен неповрат па брзи парламентарни на прагот на претстојното лето, можеби би можеле да бидат барем уште една надеж. Некаква, макар некаква нова можност политичките партии пред или постизборно да се договорат за поинаква коалициска, за поинаква меѓусебна кооперациска основа. За заедничка проевропска реформска агенда и за, макар времен, но конструктивен парламент без опструкции.

Ова, секако, само доколку надвладее политичкиот разум и чувството за политичка одговорност. Доколку пак, што е и извесно, кризата на парламентот продолжи, ако опозициските актери со разни процедурални трикови и натаму ја мумифицираат оваа највитална државна институција, единствениот излез повторно би биле нови избори на есен или по невозможните цели три години.

А времето дотогаш, како и многупати досега, пак ќе го именуваме како изгубено реформско време. Затоа, брзи, најбрзи можни предвремени парламентарни, би биле извесната шанса за, по веќе стоти пат, нов македонски почеток.

Секако, ако за тоа има безбедни пандемиски услови. Прво здравјето, нели.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ