• Latest
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Анкета на МЦМС: Доверба во Владата имаат 42 проценти од граѓаните, за над 50 отсто односите со Бугарија одат во негативен правец

April 19, 2021

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анкета на МЦМС: Доверба во Владата имаат 42 проценти од граѓаните, за над 50 отсто односите со Бугарија одат во негативен правец

April 19, 2021 15:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 42 проценти од граѓаните имаат доверба во Владата, додека 56,5 отсто се изјазниле негативно во однос на нејзината работа. Меѓу оние кои имаат доверба во Владата, побројни се етничките Албанци (61,8 отсто) и припадниците на помалите заедници (51,5 проценти), за разлика од етничките Македонци, кај кои ваков став имаат една третина (33,9 отсто).

Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“ посветено на некои актуелни политички прашања. За МЦМС, анкетата телефонски ја спроведе М-Проспект во периодот од 17 до 24 март 2021 година, на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Според анкетата, над три четвртини од граѓаните или 78 отсто сметаат дека земјата е во политичка криза, при тоа ваков став имаат 87,6 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и 78,6 отсто од неопределените.

– Прашани за тоа што сметаат дека е решението за надминување на политичката криза, најголем број од граѓаните, односно 36 отсто рекле дека тоа се предвремените парламентарни избори. Околу една четвртина веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата, додека за 15,7 проценти решението е во формирање широка коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Гледано од перспектива на етничката припадност, етничките Македонци почесто го бирале одговорот „предвремените парламентарни избори“ (42,4 проценти), а етничките Албанци повеќе веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата (47 отсто), наведуваат од МЦМС.

Имајќи ги предвид дискусиите за вклучување на етничката припадност во личните карти, граѓаните во врска со тоа прашање се поделени, односно, 49,7 проценти се согласуваат со вклучување на етничката припадност во личните карти, а 48,7 отсто не се согласуваат. Поддршката, се посочува во соопштението, е поизразена кај етничките Албанци (83,5 проценти) и припадниците на помалите заедници (77,3 отсто).

Во анкетата биле вклучени и прашања за пописот и односите со Бугарија при што резултатите покажале дека мнозинство од граѓаните или 60,8 отсто не веруваат дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет. Побројни меѓу нив се етничките Македонци (69,5 проценти).

За над половина од граѓаните или 53,6 отсто односите со Бугарија се развиваат во негативен правец. Разлики во ставовите има врз основа на етничката припадност и кај симпатизерите на политичките партии.

Резултатите од истражувањето за делот за локалните избори ќе биде презентирани до крајот на неделата, се додава во соопштението на МЦМС.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ