• Latest

Чешката ОДС не ја сака партијата на Орбан во свое друштво: Не ни требаат уценувачи 

February 7, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Чешката ОДС не ја сака партијата на Орбан во свое друштво: Не ни требаат уценувачи 

February 7, 2024 12:45
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За чешката конзервативна Граѓанска демократска партија (ОДС) е неприфатлива идејата за приклучување на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан кон групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), објави на социјалните мрежи чешката европратеничка Вероника Врецонова.

– Не ни треба некој што го уценуваше остатокот од ЕУ поради Украина, наведе Врецонова, која е координатор на ОДС, партија членка на ЕЦР.

Реакцијата на Врецонова следи откако минатата недела Орбан за италијански медиуми изјави дека неговата Фидес – Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на групата ЕРЦ по изборите за Европскиот парламент во јуни годинава.

– Фидес не и припаѓа на групата ЕЦР и за мене и за многумина од нас во групата таквата идеја не доаѓа предвид. Во групата не ни треба некој кој последните две години го уценува остатокот од ЕУ поради Украина. Орбан нема ништо заедничко со вредностите на ЕЦР, наведе Врецонова.

Но, за разлика од ОДС, во моментов најголемата партија во рамките на ЕЦР, полската Право и правда (ПиС) изрази позитивен став кон можноста за приклучување на Фидес во групата.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „

Поранешниот полски премиер и еден од водечките личности во ПиС, Матеуш Моравјецки изјави дека се „отворени“ за приклучување на Фидес на ЕЦР.

Засега е нејасна позицијата на втората по големина партија во групата, а која по јунските избори би можела да стане и најбројна политичка сила во ЕЦР, Браќа на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Партијата засега се нема изјаснето за идејата на Орбан, кон кого Мелони досега изразуваше позитивен однос.

Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) е десна политичка групација што обединува национал-конзервативни, националистички и конзервативни партии со благо изразен евроскептицизам, кои се противат на посилна интеграција во рамките на ЕУ и на еврофедералистичките заложби.

Фидес има слични ставови како и повеќето партии во ЕЦР, но за разлика од мнозинството од нив, кои се поддржувачи на европската воена, финансиска и политичка поддршка на Украина, партијата на Орбан и натаму одржува врски со Русија и изразува резерви кон поддршката на ЕУ за Киев.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.

До март 2021 година Фидес беше членка на Европската народна партија (ЕПП) од која беше суспендирана поради, како што беше оценето „нелибералното и авторитарно“ владеење на партијата и непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите во Унгарија.

Во јули истата година Фидес беше една од потписничките на „Декларацијата за иднината на ЕУ“ заедно со уште 15-тина партии од редовите на ЕЦР и екстремно десничарската групација Идентитет и демократија (ИД), меѓу кои и францускиот Национален собир (РН) на Марин ле Пен, италијанската Лига на Матео Салвини, шпанската Вокс и ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД).

Во Декларацијата се оценуваше дека ЕУ „наместо да ја штити Европа и нејзиното наследство, самата станува извор на проблеми и причина за вознемиреност“ и се предлагаше изградба на Унијата врз принципот на „соработката на европските народи базирана на традицијата, почитувањето на културата и историјата на европските држави, на европското јудео-христијанско наследство и на заедничките вредности што ги обединуваат нејзините народи“.

Во пресрет на руската агресија врз Украина, Фидес во јануари 2022 година учествуваше на собир на европските екстремно десничарски партии од кој произлезе „Заедничка декларација за политиките кон ЕУ и Русија“, со која потписничките се обврзаа да работат „солидарно пред заканата од надворешна агресија“ и повикаа на „солидарност, решителност и одбранбена соработка меѓу европските народи пред ваквите закани“, но и на „мир, деескалација и преговори“ за надминување на украинската криза.

Во ноември истата година, Фидес потпишаа договор за соработка во Европскиот парламент со францускиот Национален собир (РН), италијанската Лига и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), кои се членки на ИД и со шпанската Вокс и Суверена Полска (СП) од редовите на ЕЦР.

Tags: ОрбанУнгаријаФидесЧешка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ