• Latest

Човекот мами

January 22, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Човекот мами

Храбрите рекоа да. И рекоа, ние одиме натаму. Со референдумот и со уставот потоа исчекорија од децениската лажна патриотска заблуденост. Ги кренаа блокадите. Го сторија тоа и покрај сите трауми и покрај сиот товар од наметнатите хирови и секакви  небулози што ги наметна јужниот сосед.

January 22, 2020 14:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Ќе го менувал Преспанскиот. Не, ниту запирка ќе смени. И тоа тој многу добро го знае. Во спротивно, ако пак во тоа си верува, би значело дека има проблем. И тоа многу голем проблем. И дека му треба помош. Во речникот на странски зборови тоа е запишано како митоманија. Да веруваш во неверојатното, во митот. И, велат, со малку повеќе напор, било излечиво.

Горниов пасус не се однесува на никого конкретно, на него па ич. Но некоја асоцијација би можела да се адаптира и да се приближи натаму. Накај сѐ уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. И тој, исто како незнајниот јунак од почетокот на текстов, ќе го менувал Преспанскиот. Се прави дека не знае дека секој Македонец посакуваше до него воопшто да не мораше да дојде. И се прави дека не знае дека секој разумен Македонец силно посакува неговата држава да не чмае во децениската атрофија и конечно да се помести кон интеграциите.

Храбрите рекоа да. И рекоа, ние одиме натаму. Со референдумот и со уставот потоа исчекорија од децениската лажна патриотска заблуденост. Ги кренаа блокадите. Го сторија тоа и покрај сите трауми и покрај сиот товар од наметнатите хирови и секакви  небулози што ги наметна јужниот сосед.

Другите, на чело со споменатиот лидер на споменатата партија, рекоа не. Нивниот ист познат партиски одговор. Нивното легендарно не од арсеналот на нивната децениска негаторска политичка доктрина. Од осамостојувањето на земјава до денес, секогаш кога Македонија беше во некаква дилема или во некаква криза, со нивното не тие земјата ја упатуваа на патот на изолација и стагнација. Нивното не беше и за ООН и за Рамковниот и за Уставот и за Преспанскиот и пак за Уставот. Сѐ само не до не. Без понуда, без патоказ, без решение. Само контра и само не.

Еве и сега пак, не. И овој нивен лидер, само контра. Само против и само не. Најтазе, за договорот со јужниот сосед. Ќе го менувал и ќе го враќал уставот. Преведено, би значело тоа рикверц во Поранешна, во ФИРОМ. И гордо патриотски ќе отвора нов јужен фронт. Историско не ќе им кажел на Грците. Истото не и на Трамп, на Меркел, на Макрон, на НАТО, на Брисел. На сите.

Предизборие е. Некако се објасниви разноразните вербални партиски ветувачки еквилибристики. Но, времето предизборно, исто така, е добра можност за манифестирање одговорност. Па, наместо бајки и изигрување Гуливер, периодов дава шанса големата лага да се замени макар со мала вистина. Да ја промовира реалноста. Да престане да манипулира со чувствата на Македонците. И да престане сурово и бесчувствително да досипува сол на најсвежите македонски рани.

И гласно и јасно да соопшти дека Македонија останува единствениот меѓународен субјект, единствената држава во светот која во своето име и натаму ќе го носи милениумското Македонија. И дека идентитетски Македонците остануваат единствениот народ во светот кој зборуваа на својот уникатен македонски јазик. И дека сето тоа со светски потпис и со светски печат е бетонирано и депонирано во Светската асамблеја на народите и државите.

Но за ова е потребен карактер. Потребно е да се има доблест. За жал, за многу жал и по него и по неговите, посебно за идентитетски исплашените Македонци, за неговите предизборни Преспански ветувања можна е само една единствена карактерна констатација:

Тој можеби и не е лош, ама не ја зборува вистината. Човекот мами.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ