• Latest

Чулев за ЦИВИЛ Медиа: Не трпам притисок од Мицкоски, не знам која истрага била отфрлена од ЈО, ќе се разгледа поканата на ЦИВИЛ за дуел со Славјанка Петровска

May 28, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чулев за ЦИВИЛ Медиа: Не трпам притисок од Мицкоски, не знам која истрага била отфрлена од ЈО, ќе се разгледа поканата на ЦИВИЛ за дуел со Славјанка Петровска

May 28, 2020 16:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашната прес конференција на која министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на 9 конкретни прашања поставени од ЦИВИЛ Медиа, даде еден описен одговор, денеска, н пријатно изненадување на редакцијата, одговори на сите три поединечно.

На прашањето дали е точно дека Јавното обвинителство веќе отфрлило како неоснована една пријава од истрагите кои ги најавивте во интервјуто на ТВ 21 на 27 мај? Може ли да ни дадете повеќе детали за тоа, Чулев не знаеше за како истрага се работи.

„Јас не знам за каква истрага се работи и која истрага ја отфрлило обвинителството. Доколку почитуваниот Џабир Дерала ни даде конкретни сознанија, за конкретна истрага може да му дадеме детален одговор“, изјави Чулев.

На прашањето дали е точно дека упорно ги одбива поканите од телевизиите за дуел со заменичката Славјанка Петровска, зошто и дали можеби би прифатиле дебата со заменичката Петровска, организирана од ЦИВИЛ, на која би бил овозможен пристап и на други заинтересирани медиуми, Чулев одговори:

„Работата во МВР е исклучително комплексна и динамична. Изминатиот период имавме исклучително голем обем на работни активности. Јас, генерално, секогаш позитивно одговарам на барањата на медиумите за изјава, за интервју или за  став. Во зависност од расположливите можности ќе ја разгледаме поканата за дуел и во наредниот период може да се организира. Дали од ЦИВИЛ или од некоја друга телевизиска куќа“.

На прашањата дали бевте во заблуда или, можеби, лажевте, намерно или ненамерно, кога тврдевте дека ракавиците на снимката од теретаната се отсјај или можеби Мицкоски лаже, кога вели дека се работи за боени ракавици и дали можеби трпите некаков притисок или закани од Мицкоски да го заштитите во случајот „Теретана“, министерот објасни:

„Јас веќе информирав и ќе информирам дека во оној извештај што пристигна до мене од Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги и полициски стандарди, таму пишуваше дека се работи, цитарам: отсјај по однос на ракавиците. И фактички јас само го цитирав она што беше извештај до мене доставен од Одделот за внатрешна контрола. Во однос на второто прашање, не трпам никаков притисок. Значи, Одделот за внатрена контрола постапува во координација со ОЈО и во соработка со двајцата помошници министри и дополнителниот и помошникот министер и во моментот се изврешни разговори со лицата коишто работеле во теретаната „Синерџи“, меѓутоа и во моментот се врши вештачење од Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика на оној едногодишен период од материјалите што се земени од страна на фитнес клубот „Синерџи“. Кога ќе се утврди, се надевам, тоа ќе биде во краток период, во соработка со Јавното обвинителство ќе биде дадена конкретна информација за вистинитата, објективната и точна состојба каква била во врска со овој случај“.

Редакцијата се надева дека и покрај комплексноста и динамичноста на работата на МВР и министерот, ќе се најде време и простор за дебата со дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, во организација на ЦИВИЛ. Секако, во интерес на јавноста, како што изрази надеж и министерот, случајот „Теретана“ ќе има своја објективна и вистинита разрешница.

Б. Јордановска

Монтажа: Ариан Мехмети

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ