• Latest

ЦИВИЛ беше во право, Груевски призна дека планирал оставка

December 1, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ беше во право, Груевски призна дека планирал оставка

December 1, 2017 15:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за неговиот омилен деск (информативен портал) Курир, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потврди дека „без разлика на резултатите од анализата на изборите“ тој ќе поднесе оставка од лидерската позиција на партијата.

Оваа изјава на Груевски е потврда на она што ЦИВИЛ Медиа го објави на 12 ноември, дека Никола Груевски веќе подолго време размислува да објави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По објавувањето на текстот на ЦИВИЛ Медиа, ВМРО-ДПМНЕ за помалку од два часа излезе со демант на нашите информации.

„Демант на пишувањата на Цивил – Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да биде. Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат. Понатамошни и идни чекори на партијата ќе бидат превземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија. Најголемото зло во оваа држава останува да биде хунтата на власт која ја носи државата во економската бездна и сиромаштија. Се друго преставува дефокусирање од вистинските теми во државата како што е погазувањето на државните интереси во секој поглед, повисоките даноци, криминалот, стагнацијата на сите проекти“, стоеше во демантот од партијата.

Во денешното интервју, пак, Груевски ја потврди информацијата на ЦИВИЛ Медиа. Тој сега вели дека и на 15 октомври, по изборите, „со политички речник“, како што вели, ја најавил својата оставка но и дека „никој не го сфатил тоа“. Чиста поезија!

Прашуваме: Зошто ВМРО-ДПМНЕ воопшто се мачеше да нѐ демантира, а нивниот лидер само две недели подоцна објаснува дека одамна се подготвил за оставка?!

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиКурироставка
Share146Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result