Conquering Lion на 5 април ќе го прослават својот 11ти роденден, во Станица 26, во Скопје, со почеток од 23 часот.
Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој започнува со свое творештво во април 2007. Покрај многубројните настапи низ државата, бендот има настапувано и надвор од Македонија, како во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка и други, а имаат настапувано и со поголеми артисти како Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote
Досега имаат издадено 4 студиски албуми, а моментално работат на нивниот петти албум.
Како домашна поддршка ќе настапат основачите на Funky Fresh, DJ Гоце и DJ Чваре.
Влезниците на настанот се 200 денари.
А.П.