• Latest
Емилија Целакоска

Да биде – Атина

May 13, 2023

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да биде – Атина

May 13, 2023 10:57
in СЛОБОДНА ЗОНА
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Во целата историја на човештвото не се случило да разбереме некоја непознаница без да ја доведеме во врска со нешто познато. Веројатно на првите луѓе им било најтешко, но сепак, тргнала работата. Таа природно би требало да се одвива на експоненцијален начин – таква е природата на освојувањето на знаењето – денес 2, утре 4, задутре 8, па 16…

Ако ги погледнеме, пак, математичките методи од Стара Грција уште од V век пред новата ера, на пример, тогаш би требало бргу, на пример, до кај I или II век од новата ера, веќе да се среќаваме со диференцијалното и интегралното сметање. Навистина толку многу им е близок старогрчкиот Евдоксов метод на исцрпување (exhaustion). Наместо тоа, ги наоѓаме кај Њутн и Лајбниц дури во XVII век. До приближно IV век од новата ера би требало да била веќе појавена Опшатата теорија на релативност, бидејќи до околу III век од новава ера, пак, би требало веќе да се имале истакнато некој Риман или Лобачевски со закривени простори, менувајќи една аксиома од Евклидовите за рамен простор. А и Евклид е од Стара Грција, да се сетиме. Но, на европското тло мислата како да застанала на долго време. Првите следни европски блесоци на мислата, после Стара Грција, се јавуваат после XV век, во екот на инквизиторските горења на клада. Во меѓувреме, кинеските, индиските и арапските математичари, инженери и други научници, напредувале по свое, а околу XV век, пак, тие почнале да стагнираат.

Едно прашање е – што е тоа што луѓето ги поттикнува да ги откриваат тајните на природата, па постојано да конструираат методи, модели, формули…?  А сосема друго прашање е – што е тоа што ги тера да застанат? Овие две прашања имаат голем пресек, но и се во голем расчекор. Пресекот се наоѓа во потрагата по извесност и стравот од неизвесноста: Науката нуди извесност и сигурност со способноста за предвидување, бидејќи сѐ во неа е поврзано со следството ако-тогаш. Но, оваа сигурност носи и проблеми – менувањето на работите, иако кон пофункционално, во еден момент претставува „мачка во вреќа“ за не-научниците и длабоко ни задира во инстинктот дека промената е несигурност! Згора на тоа, науката не е потполна од аспект на извесноста: Ние сакаме дури и со недостаток на услови да ја знаеме иднината.

Тоа води во одговорот на второто прашање, за застојот во научните настојувања. Догмата, религијата, владетелот, нуделе (и сѐ уште се трудат да понудат) сигурност и извесност. Тогаш носителот на догмата ги гони активните мислечки умови како некомпатибилни со која и да било „кауза“ на догмата, а се одржува на умовите кои не се активни. Носителот на „цврста рака“ организира јавна вина за атаци на догмата, (колку мислители -„непочитувачи на догмата“ – толку вини). Потрагата по знаењето, а особено будењето на другите со новото знаење, ја плаќале со животот. Тука спаѓа „ересот“ на астрофизичарот Џордано Бруно, на пример, кој му се „мешал во небото“ на бога. Или „ересот“ на не толку познатиот физиолог Мигуел Сервет, кој прв точно го сфатил процесот на дишење кај човекот и го пренел тоа знаење на други, но бил запален на клада за „мешање“ во таква божја работа – здивот на човекот. Уште повеќе, за време на фашистичката окупација во 1942 г. во Франција, неговиот споменик бил истопен заради симболиката на слобода на мислата.

Така, за време на животот (во сите времиња, дури и пред новата ера), имаме само два начина во колективот да придонесуваме кон колективната сигурност: Или преку прогресот, со храброст и слобода на мислата, или преку држење за извесноста на познатото, со затворена мисла. Секако, кој е пасивен, автоматски ја бира извесноста на познатото и ја предава слободата, прогресот и ја закочува мислата – често по линија на помал отпор. Многумина намерно бираат догма, секогаш поврзана со нечија „цврста рака“, без оглед дали оправдувањето е „виша цел“ од облик на религија, раса, нација или друга колективност, или, пак, интерес – вклучувајќи ја тука и кревкоста на волјата. На индивидуално ниво, ова е надвор од економските уредувања во однос на – што е тоа што би ја обезбедило сигурноста на индивидуата и воедно стабилноста на општеството. Просто кажано, слично со хуморот на Гручо Маркс, сите луѓе се слични едни на други – освен либералите и конзервативците. И тука човек мора да застане и уште да расчистува, бидејќи точно ова дејство на разделување во чисти категории наликува на когнитивниот стил на еден реакционерен, конзервативистички ум.

Прво, за да се промисли оваа ситуација, да се потсетиме дека не е можно да се тргне од ништо, туку мора од она што е познато. На пример, познато е (потврда за ова има во премногу научни трудови од политичката филозофија, историјата, дури и историјата на науката), дека тоталитарните системи секогаш се базираат на конзервативизам, традиционализам, реакционерност, односно како што Карл Попер тоа го нарекува – на затворено општество. Елементи на сигурност во такво општество „се трупаат“ речиси компулсивно – присутни се милитарноста, ригидното однесување кон науката и уметноста со стриктна контрола да не се појави слобода на мислата, недоверба (а и обвинувања) кон странци, желба за еугенична интервенција (ако дојде до ова, тоталитаризмот е во полна сила: Во Спарта ова е примитивното фрлање на „фалични“ бебиња во јама, кај нацистите – Менгеле и ариевската раса), … Сето тоа е во насока на потчинувачка атмосфера кон еден авторитет и жртвување на секоја индивидуа за него – „цврстата рака“ во име на сите (народот), но на која 100% ѝ се верува дека дава извесност и сигурност на општеството. Попер смета дека со милениуми, човештвото постојано ја одигрува истата битка – меѓу отвореното општество на прогресивната, демократска Атина и затвореното општество на милитарната Спарта.

Во помодерните времиња после II Светска војна, до денес, имаме клинички трудови во социјалната психологија кои забележуваат врска меѓу когнитивниот стил и политичката идеологија, од резултати во уметничкиот вкус и начинот на самоорганизирање на личниот простор, до начинот на носење одлуки. Со развојот на медицинската технологија, пак, утврдени се и разлики во структурата и особеностите на лицето, како и дисјунктни разлики во активацијата на разни делови од мозокот на стимули на заплашување, зависно од тоа дали сте ориентирани конзервативно или либерално. Така, во 2023 година, еден програмски алгоритам за препознавање, освен што може да ни ги препознае очигледните карактеристики од основите за дискриминација (пол, раса, возраст, етничка припадност и некои видови попречености или здравствени состојби), веќе може да ја препознае политичката ориентација на личноста, само од слика и скен на мозокот.

Понатаму, следното е стабилно покажано и многу пати цитирано во вакви истражувања на ниво на факт: Конзервативизмот е инхерентно поврзан со нужда на личноста за завршници, со нужда за ред и со анксиозна нетолеранција кон неодредености, но и пониски нивоа на когнитивна комплексност. Секако, последново не значи пониска интелигенција, туку, дека конзервативците го гледаат светот во ригидни категории, користат поедноставни стереотипи, расудуваат и носат одлуки на брзи евристики (heuristics), кои често се само предрасуди наместо перципирано правило.

Во серијата истражувања опишани во “Reflective liberals and intuitive conservatives: A look at the Cognitive Reflection Test and ideology” во списанието Judgment and Decision Making од 2015 г., во издание на универзитетскиот печат на Кембриџ (вистинскиот, не овој нашиот фејк-учебникарски), колку што авторите се меки во насловот со „интуитивноста“ на конзервативците – толку се и строги во текстот со инфериорноста на конзервативистичките брзи евристики, наспроти квалитетот на мисловната рефлексија – да се застане, да се промисли. Во таа насока, не пропуштаат да го споменат многу цитираниот заклучок на Ајделман и неговиот тим (2012 г.) од трудот насловен “Low-Effort Thought Promotes Political Conservatism”. Експериментите биле со оптоварување на работната меморија, под временски притисок и со студенти – едни  со дозвола за површни толкувања на некои текстови, наспроти друга група со барање да се анализира детално и длабоко. Направиле експеримент на доброволци и во бар – за начинот на мислење под интоксикација со алкохол. Заклучокот е: „… сите овие податоци сугерираат дека политичкиот конзервативизам може да е процесна последица од ниско-напорно мислење. Кога напорното, намерно размислување не се ангажира, прифаќањето на конзервативната идеологија се зголемува.“

Обратно, на тестот за когнитивна рефлексија (промисленоста), либерално ориентираните се доста поуспешни. Во други тестови (“The Automatic Conservative: Ideology-Based Attentional Asymmetries in the Processing of Valenced Information” од 2011 г.) се заклучува дека конзервативците, кога истовремено биле изложени на негативен и позитивен стимул, значајно повеќемина автоматски го насочувале своето внимание кон негативниот, споредбено со либералите. Либералните луѓе прикажуваат помалку конфирмациски предрасуди и селективно внимание заради начинот на решавање на проблеми преку рефлективно мислење, а конзервативците доста почесто селектираат информации што ги потврдуваат претходните верувања (споменатиот Confirmation bias) и вниманието им е значајно поселективно, посебно кон негативности (Attentional bias). Овие често одат заедно и со други „ненапорни заклучоци“ – грешки, со што одлуките понатаму лесно стануваат спротивни на сопствените интереси.

Битката Спарта-Атина е битката конзервативност-либералност и претставува континуиран тест за општествата, всушност. Сега сме дојдени до точката кога оваа битка може да го анихилира цело човештво доколку не се вклучи понапорно мислење наместо масовно немислење. Дојдени сме до крајниот момент, кога е јасно дека Атина мора реално и морално да победи над Спарта. Конзервативната чувствителност на застрашување во понеразвиеното минато можеби имала основа да нуди бенефит и на индивидуата, и на колективот, но веќе не. Таа, и сите други конзервативни карактеристики се назадувачки. Овие два света на конзервативност и либералност се веќе толку неспоиви, што не е возможен мешан стандард. Во најмала рака – нема среден пат меѓу брзите евристики и промисленоста. Да применуваш мал напор во мислењето, како што карактеризира Ајделман за конзервативниот начин, е, очигледно, неспојливо со – да вложуваш напор во мислењето. А ако нацизмот, фашизмот, тоталитаризмот се зло, тогаш сите нивни претходни симптоми на конзервативното гледање на светот се предуслови, отворена врата кон нив.

Еден конзервативец кој и онака го гледа светот преку поделби, лесно прави уште една поделба – на конзервативци и либерали. Но еден либерал, кој поделбите ги разбира како основи на дискриминација и подготвено ги отфрла, оваа поделба не би смеел да ја отфрли. Таа всушност на цел свет му е потребна за да ја добие својата смисла, бидејќи му е потребна алатка за препознавање на идни страдања, а страдањата се зло. Не може да бидеме така фино, секуларно скептични кон концептот на злото, како што советува Фридрих Ниче, наводно „затоа што слабиот бара одмазда, па лепи демонизирачка етикета“ – така се вртиме во милитарен, реакционерен круг. Не може да се добие смисла од парадокс (Раселовото непостоечко „множество од сите множества“). Крајот на злото е во зајакнување на критериумите за препознавање на моралната исправност на волјата (сечија). А за тоа е потребно многу рефлексивна и слободна мисла. Не, не е контрадикција – критериуми и слободна мисла. Размислете.

Текстот е личен став на Авторката. Преземено од Рацин.мк
Tags: Емилија Целакосказаробена државаконзервативностлиберализамОтворено општество
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ