• Latest
м-р Перо Наумовски

Да не се брза со измени на Законот за банки

May 27, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да не се брза со измени на Законот за банки

May 27, 2021 16:27
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
м-р Перо Наумовски

м-р Перо Наумовски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО НАУМОВСКИ

Владата го задолжила Министерството за финансии во рок од 15 дена да изготви предлог измени на Законот за банки и да го усогласи со Одлуката на Уставниот суд според она што го препорачува судот кој треба да обезбеди еднаква заштита на штедачите, согласно европските закони кои се почитуваат во државата.

Усогласување со одлуката на Уставниот суд мора да има, но не мора да се носат повторно избрзани и изнудени решенија кои не се добро обмислени и не се целисходни и оптимални.

Сепак, треба малку подлабоко да се анализира што ни донесе затворањето на Еуростандард банка, какви се последиците и дали имаше подобри решенија. Причините за затворање на банката на јавноста ѝ се многу добро познати. НБМ доследно ги примени своите законски овластувања и ја одзеде дозволата за работа на банката. Иако се работи за мала банка која од ниеден аспект не ја наруши стабилноста на банкарскиот систем и не предизвика посериозни последици врз финансиските текови на пазарот, сепак, има повеќе прашања кои бараат издржани одговори.

Затворањето на банката се случи во екот на пандемијата, а земјата тукушто излезе од  вонредната состојба. Се работеше за мала банка која имаше една специфична функција што ја извршуваше во соработка со Македонска пошта, а тоа беше платниот промет кој го користеа голем број граѓани при плаќање на сметки, а и голем број пензионери својата пензија ја добиваа токму преку оваа банка. Во екот на пандемијата и разните ограничувања кои произлегуваа од опасностите од ширење на заразата бевме сведоци за големите метежи пред сите банки, каде што голем број, пред сè, пензионери, кои и онака беа во ризична возрасна група, чекаа со часови да ги завршат своите банкарски обврски. Мачни беа тие слики. Затворањето на банката предизвика големо незадоволство кај штедачите, коминтентите на банката и кај вработените во банката, а големи штети претрпе и Македонска пошта.

Сопствениците и управните органи на банката кои несомнено се најголемите виновници за катастрофалната состојба во која се најде банката, се жалеа дека во време на вонредната состојба немале законска можност да вршат присилна наплата на побарувањата. Или со неколку збора, банката, иако сосема заслужено, се затвори во ненормални околности и, што се вели, во невреме. И мислам дека токму поради тоа доби многу големо внимание со негативна конотација во јавноста. А за големата „загриженост“ за  штедачите, коминтентите и вработените од разни „политички душегрижници“ коментар воопшто не е потребен.

Дали оваа постапка може да биде подобра, помалку стресна, со помалку штетни последици по штедачите, коминтентите и вработените или решението веднаш да се бара во клучот и катанецот? За добробитта на државата и за вкупните состојби во општеството, институциите на системот се задолжени да се борат за секој економски субјект и секое работно место. Во прашање беше релативно мал субјект, но што ако во иднина се појави некој покрупен што може негативно да влијае врз економскиот систем?

Типичен пример за тоа е случајот со концернот Агрокор во Хрватска, кој можеше да предизвика вистински колапс на економијата на земјата, па и надвор од неа, доколку владата не преземеше вистински и решителни чекори со донесување на закон lex specijalis. Едноставно му беа одземени управувачките права на сопственикот, сепак, мора да се признае со негова согласност, беше поставена принудна управа која успеа да се договори со доверителите и да овозможи нормално продолжување на работењето на концернот. Се разбира, со нова сопственичка структура. Судските спорови се во тек и виновниците кои ги прекршиле законите ги чекаат долги и тешки судски процеси.

Фондот за осигурување на депозити располага со фонд поголем од 280 милиони евра, а дел од средствата може да ги инвестира во одредени хартии од вредност. Зошто Фондот не би можел да учествува во санирање на состојбата во банката доколку оцени, во согласност со НБМ и МФ, дека ќе чини помалку пари, отколку што ќе исплатат околу  60 милиони евра на штедачите, а банката може сепак да се спаси.

Сигурен сум дека за санирање на ЕСБ ќе беа потребни многу помал износ на средства од Фондот, а банката можеше да продолжи со работа. Суштината е во тоа НБМ да ги одземе дозволите за работа на управните органи на банката и да постави административна управа со јасни надлежности кои во договор со доверителите, каде Фондот би бил најголем доверител, ќе извршат санирање на состојбите и низ процес на т.н. активен стечај, ќе ја нормализираат состојбата на банката и се разбира се ова под будно око и контрола на НБМ, МФ и доверителите. На таков начин би се санирала банката без големи турбуленции и шокови, без губење на довербата во банкарскиот систем, без големи штети по штедачите, коминтентите, доверителите, бизнисот, а особено би се зачувале работните места на вработените. За евентуалните неправилности во работењето на управните органи на банката надлежните органи би презеле соодветни постапки.

Системот мора да покаже еластичност и креативност  во решавање на проблемите. Институциите да не се користат единствено за санирање и лечење на последиците, туку мора активно да реагираат во превенирање на потенцијалните опасности за нарушување на функционирање на системот.

Примерот со Еуростандард банка треба да биде опомена, но треба и да се извлече поука.

Да се анализираат состојбите и да се извршат измени, ако е неопходно, и на повеќе законски решенија со единствена цел квалитативно да се подобрат можностите за навремена и ефикасна реакција на институциите која ќе овозможи, не само еднаква заштита на сите штедачи (и на оние со заштеди преку 30.000 евра) и на правните лица – клиенти на банките, туку и на подобрување на вкупниот правен систем кој ќе гарантира заштита на правата и еднаквост пред законите на граѓаните, државата и економските субјекти.

 


Авторот е магистер по економски науки од областа на деловните финансии.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ