„Моето лично мислење е дека референдумот е демократско право што секој треба да излезе да гласа, без притисок од некој друг туку лично демократско право“, вели еден граѓанин од Свети Николе на прашање на ЦИВИЛ Медиа, „Каков е Вашиот став за референдумот?“.
„Моето мислење е за да гласаме за подобра Македонија. Децата да ни останат тука, тоа е најважно“, вели друг граѓанин.
Според еден граѓанин друга алтернатива за Македонија нема, и тој сподели дека неговите деца, а сите други се преселуваат од Македонија за подобар живот.
„Референдумот е граѓанско право, секој има право да излезе и да се изјасни дали е „за“ или „против“. Моето мислење е позитивно, но крајот ќе каже“, вели граѓанин од Свети Николе.
„Тоа е добар договор, како за државата, така и за нашиот народ, јас би гласал „за“ и го имам прочитано договорот“, вели друг граѓанин.
Ариан Мехмети
камера: Дехран Муратов
монтажа: Бунјамин Камбери