Активистот Драганчо Георгиев од Кочани во видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“.
„За мене најголемо богатство е да знам повеќе јазици. И да ги разберам различностите од сите други заедници, без разлика дали е Ром, Албанец, Турчин, Влав или Македонец, да имаме соживот.
Јас знам турски, ромски, македонски и јазикот на поранешната држава, српско-хрватски, на нашиот сосед, бугарски… Луѓето ги делам во две класи, човек, и нечовек.“
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети