Поминаа 10 дена откако скромниот левичар, пратеникот Димитар Апасиев кој од точак се качил на џип, ја нарече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска – „почитувана богаташе од гостиварско со 6 стана и една викендица“.
На ваквите обвинувања пратеничката од гостиварско (која и покрај неколкуте стана во Скопје, сепак лапа патни трошоци), одговори дека не може „наркомани да и се обраќаат со почитувана богаташке, бидејќи точно знае од каде и се становите, додавајќи „моите шест стана имаат уредно имотно потекло“.
„Не може да ме нарекува богаташке, уште и почитувана, кога знам дека не ме почитува. Денес секој може да биде богаташ(ка) како мене, па 6 стана – богатство ли се? Богаташка ќе бидам ако поседувам јахта, приватен авион, хелихоптер или ако имам приватен остров, како на пример тој милионерот од Дубаи што и купи цел остров на жена му за да може да се сунча во бикини“, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ ексклузивно за рубриката САТИРА.
Таа додава дека сите граѓан(к)и може да си дозволат да имаат по неколку стана ако редовно скенираат сметки и ако не се дрогираат и не конзумираат алкохол како некои нејзини колеги во парламентот.
Снуп Дог
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.