• Latest
Војо Маневски

Дали бојокотот на трговците е економска постапка?

January 24, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дали бојокотот на трговците е економска постапка?

January 24, 2025 16:22
in ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Пазарните законитости го регулираат пазарот. Понудата и побарувачката ја одредуваат цената. Ова е законитост ама само кога пазарот не е загаден од шпекулативното поведение на трговците. Производителите се зависни од ланецот на трговците и тие ретко кога имаат зголемен приход кога трговците се обидуваат сите свои ризици и грешки во проценката да ги исправат преку зголемени цени. Несомнено е дека и тие имаат трошоци за своето работење но тоа е дел од нивното менаџирање со трошоците. Ова е посебно изразено кога трговците, кои се врзани за увоз, прават некој вид на картел со кој ги унифицираат цените и  го намалуваат ризикот за својот профит.

Државата преку својот инспекторат може да се обиде да воспостави добри и фер практики но нејзината моќ е помала кога се работи за големи профити. Дури и да бидат казнети трговците сепак на крај сето тоа ќе го наплатат од крајните потрошувачи.

Посебно е проблематично кога имаме општа психоза на очекување на повисоки цени. Таа состојба наликува заедно со инфлацијата и трката со неа се добива само со конкурентни и поевтини производи или со некои мерки кои не влегуваат во арсеналот на класичните економски мерки.

Намалувањето на куповната моќ на купувачите секако ќе доведе до застој во трговијата ама тоа е несакана последица зошто ќе се зголемат загубите а ќе се купува само она што е најпотребно. Со тој застој ќе се намали и растот на БДП зошто кај нас тој се засновува на потрошувачката. Како во врзани садови ќе се појават и низа на социјални последици. Ќе има помалку приходи во буџетот од ДДВ а со тоа државата ќе има проблеми со функционирањето. Задолжувањето веќе е скоро исцрпено. Кога ќе се качат цените ќе расте притисокот за поголеми плати и пензии. Бидејќи се намалени средствата во буџетот ќе се појават низа на социјални протести и потреси. Сето ова е логичен след на состојбата во економијата и во државата во целост.

Затоа е потребна и граѓанска акција. Во социјалниот дијалог синдикатите ги штитат вработените. На пазарот е потребна заштита на потрошувачите во двата сегменти. И кога се работи за квалитетот на производите ,посебно тие што влегуваат во социјалната кошничка и кога се работи за нивната цена.

Организацијата на потрошувачи мора да биде таа што ќе иницира разни граѓански постапки кои ќе го истакнат гласот на потрошувачите.

Пред две недели таков проглас имаше во Хрватска каде се повикаа потрошувачите на бојкот од еден ден на трговските ланци. На прв поглед тоа изгледа наивно но тие пресметале дека со ваков потег не само го артикулираат гласот на потрошувачите туку и со бојкотирање ги опоменуваат трговците дека тие се фактор во оформување на нивниот профит.

Знам дека сите класично образувани економисти и експерти ќе кажат дека тоа е краткорочно и трговците ќе најдат начин да си ги надополнат загубите.  Со самото тоа што се започна дијалог во Хрватска покажува дека и трговците се заинтересирани за наоѓање решенија. Трката на цените, платите и пензиите го растура општеството и таа борба го истоштува во целост.

Да не ја заборавам државата како апарат. Кога се каже дека треба да штеди веднаш се појавуваат теории дека со штедење не се решава проблемот туку се намалува растот. Не треба да се штеди на капиталните инвестиции туку на не домаќинското трошење на државата . Мора да се најдат средства за смирување на состојбите на пазарот  и за социјалните програми за да се заштити основниот стандард на граѓаните. Не може да се апелира само на социјалната одговорност на трговците зошто општата психоза на несигурност не остава таков простор.  Профитот е безмилосен и треба да се научиме на тоа. Раслојувањето на населението е евидентно и не е само наша специфика туку резултат на три децении либерална економија плус нашето неснаоѓање во такви законитости. Сето обременето со правна нестабилност и корупција ги прави состојбите алармантни.

Повикувањето на некакво политичко единство треба да започне токму од заштита на граѓаните и нивниот стандард. Другото ќе биде само елитистичка платформа на слојот граѓани кои не се загрозени од високите цени и падот на нивниот стандард. На испит сме и ние граѓаните. Ако сакаме да се заштитиме од алчноста на капиталот мора да се организираме според нашите интереси. Инаку само ќе кукаме дека некоја политичка партија не излажала и ќе чекаме нови избори да ѝ се осветиме. Осветувајќи се повторно сме во опасност да згрешиме.


Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ