• Latest
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Дали Охридскиот договор спречи граѓанска војна?

August 13, 2019

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали Охридскиот договор спречи граѓанска војна?

За потпишувањето на Рамковниот договор, ден по масакрот на Љуботен, како и брзото започнување на процесот на разоужување на ОНА, до денешен ден владее убедувањето дека тоа биле одлуки за спречување на граѓанска војна и вовлекување на главниот град Скопје во вооружениот конфликт од 2001 година.

August 13, 2019 14:59
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ

Пред 18 години, на 13 Август 2001, се потпиша Рамковниот договор во Охрид, кој стави крај на вооружениот конфликт меѓу безбедносните сили и вооружените единици на тогашната Ослободителна Национална Армија – ОНА (UÇK). Не само граѓаните, туку и политичките чинители и многу други општествени фактори во земјава до ден денеска имаат различни толкувања за Охридскиот Договор, околу тоа кој добил и кој изгубил, кој треба, а кој не треба да (го) слави. Меѓу припадниците на албанската етничка заедница во земјава, исто така, има различни оценки за тоа дали Албанците ги добија правата кои ги бараа во тоа време, а во македонскиот кампус има дилеми дали тогашните лидери воопшто требало да пристапат кон мировен договор или да го продолжат патот на полициско-воено решавање на ситуацијата.

Голем дел и од македонската, и од албанската етничка заедница, сметаат дека овој договор, во последен миг спречи  една катастрофална граѓанска војна која би имала далеку посложени и поболни последици, далеку потешки од оние кои ги преживеавме во тоа време. Оваа проценка произлегува од последните настани регистрирани само неколку дена, па дури и до последниот ден, пред потпишување на Охридскиот Рамковен Договор. ЦИВИЛ Медиа ги акцентира само трите најсериозни случувања кои алармираа дека вооружениот конфликт се ближи кон Скопје, со опасност од таргетирање цивили, а не само вооружените структури на двете страни од конфликтот.

ЛИКВИДАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДИНИЦА НА КОМАНДАНТ ТЕЛИ

На 4 Август 2001 беше постигнато примирје, кое не само што траеше кратко, туку  се врати со пожестоки судири. Три дена по примирјето, во Скопската населба “Гази Баба”, рано изутрина, полициски специјални единици извршиле акција во станбен објект, каде што се ликвидираа Лефтер Коџај, познат под прекарот Командант Тели, и неговите војници Пајтим Рочи, Ндричим Коџај, Адем Хасани, Арбен Бајрами и Абаз Беќири.

Командант Тели

„Тели“ бил познат како воен стратег и стручњак од Албанија, учествувал во вооружените конфликти во Косово и Прешевската Долина, за на крај да им се придружи на единиците на ОНА. Во конфликтот од 2001 година, дејствувал во скопско-кумановскиот регион. Тели се спомнуваше како успешен стратег кој учествувал во акцијата во Арачиново, кога полицијата не успеа да влезе во селото, а пред и потоа бил меѓу водачите на единиците за преземање на селата во Липковскиот регион. Еден од сомнежите, иако сѐ уште не е потврдено, е дека Тели, заедно со своите другари и војници, не прифатиле преговори за мировен договор ниту разоружување, туку планирал конфликтот да го прошири и во градските населби на Скопје со цел да се стигне и до најцентралното подрачје.

Долго се шпекулираше дека интервенцијата на полицијата на 7 август се случила по добиени информации од „терен“, а во албанските политички кругови за тоа имаше разни обвинувања за „предавство“ на Тели и неговата единица.

КАРПАЛАК – ОДМАЗДА ЗА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА КОМАНДАНТ ТЕЛИ

Еден ден по полициската акција во скопска Гази Баба, каде беа убиени Командант Тели и неговата единица, на 8 Август, кај месноста „Карпалак”, на автопатот Скопје-Тетово, се случи герила акција на вооружена група од припадниците на УЧК која нападна конвој на полициски возила и транспортери, а беше изгорен и полициски автобус.

Карпалак, 8 август 2001 година

Во оваа акција загинаа 10 припадници на полицијата.

Спомен плоча за загинатите на Карпалак во 2001 година

По овој настан, неофицијално, во разни кругови кружеа толкувања дека нападот бил одмазда за убиството на Командант Тели и неговите војници.

МАСАКРОТ ВО ЉУБОТЕН, ДЕН ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Иако претходно имало изгубени животи од испукани гранати како што беше случајот во Слупчане и низа други помали случаи, на 12 Август 2001 во Љуботен се случи директно убиство на невини граѓани (што се потврди и од Хашкиот Трибунал) од страна на полициски единици.

Полициска единица предводена од Јохан Тарчуловски, со образложение дека во селото Љуботен се кријат припадници на ОНА, изврши акција во која беа убиени 10 невооружени селани на Љуботен, а меѓу нив најмладата жртва бил 6 годишниот Ерџан Алиу.

Една од цивилните жртви во масакрот во Љуботен, предводен од Јохан Тарчуловски, 12 август 2001 година

Во масакрот на Љуботен, 14 куќи беа целосно изгорени, а стотина други селани беа уапсени. Голем дел од уапсените биле подложени на малтретирање и тортура. Некои од малтретираните, до ден денеска живеат со тие последици. Имајќи ја предвид тогашната ситуација, фактот дека за убиството на Тели, неговите соборци се одмаздија на Карпалак, многу аналитичари, па и тогашни политичари, тврдат дека била пресериозна опасноста за одмазда и за Љуботен. Тоа ќе подразбираше сличен масакр и врз населено место со Македонци, изведено од некоја единица на ОНА, која не би била под контрола на командниот штаб. Подоцна се покажа дека имало повеќе такви неконтролирани единици кои не се сложувале со политичко воените одлуки на раководството на чело со Али Ахмети и генерал Гезим Острени.

За потпишувањето на Рамковниот договор, ден по масакрот на Љуботен, како и брзото започнување на процесот на разоружување на ОНА, до денешен ден владее убедувањето дека тоа биле одлуки за спречување на граѓанска војна и вовлекување на главниот град Скопје во вооружениот конфликт од 2001 година.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

 

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ