Нема место за паника и страв, вели стопанственикот Џемали Даути, кој воедно е и почесен претседател на Стопанската Комора на северозападна Македонија. Тој во емисијата „Ентер“ на ТВ Шења, изјави дека граѓаните нема потреба да купуваат претерани количини на храна и други производи, бидејќи освен државни резерви, постојат и други алтернативи за снабдување.
– Најнова информација е што најдовме коридори и начини за снабдување од подалечни и сигурни држави. Моментално и ние како компанија, но и другите етаблирани компании имаат доволна количина и редовно се снабдуваме. Ако се забележи некој недостиг, тоа е привремено, за еден ден и последица на масовното купување кое е непотребно. Нема потреба граѓаните да паничат. Мојот апел е да не креваат паника, да не ги поплават маркетите, затоа што нема да има недостиг на храна и средства за долго време, рече Даути.