Почесниот претседател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, Џемали Даути, побара од Владата да ги укине бандеролите и царината за увоз на брашно од другите држави, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Тој рече дека нема да има криза за брашно, но оваа мерка е потребно за да нема и покачување на цената.
– Ние до сега увезувавме брашно од Србија, но тие за нивни оправдани причини забраниле извоз на брашно. Сега нам ни останува да увезуваме од подалечни држави бидејќи од другите соседи немаме каде. Но освен за Србија, за другите држави има 55% царина за увоз на брашно и бандероли за кои има многу трошоци. Со овие давачки се покачува цената на брашното, затоа Владата сега треба да ги укине за ситуацијата да биде стабилна. Како и да е, граѓаните не треба да шират паника и не треба да стравуваат од недостиг за брашно, има и ќе има секогаш за сите, рече Даути во емисијата ЕНТЕР.