• Latest

Доделени првите решенија за стечајците

December 1, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Доделени првите решенија за стечајците

December 1, 2017 15:16
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно новиот Закон за обештетување на стечајни работници од фирми со доминантна државна сопственост досега позитивно се решени 1.029 барања. Стечајните работници ќе добиваат по околу 7.500 денари месечно. Исплатата на средствата ќе почне овој месец, но ќе важи ретроактивно од моментот кога го поднеле барањето.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска им ги додели решенијата на триесеттина стечајни работници. Останатите решенијата ќе ги добиваат на домашна адреса наведена во барањето за обештетување.

Оваа бројка ќе се зголемува во иднина бидејќи барања за обештетување можат да се поднесуваат до септември 2018 година. Како доаѓаат така тековно се решаваат. Исто така, листата на фирми не е затворена, бидејќи како пристигнуваат барања, така се проверуваат фирмите и се донесувааат решенијата“, рече Царовска.

Додаде дека доколку во наредниот период се воочат бариери за одредена група стечајни работници кои спаѓаат во оваа категорија, а нема можат да бидат опфатени со законот, ќе се интервенира амандмански со измени или ќе се направи целосно нов закон.

„Пораката е дека навистина ни е важно како што ветивме така да направиме, чекор по чекор сите стечајни да ги згрижиме и да имаат соодветна заштита од државата“, рече министерката за труд и социјална политика.

Директорката на АВРМ, Билјана Јовановска, информираше дека стечајните стечајните работници решенијата ќе ги добиваат на адресата наведена во барањата што ги поднеле до оваа институција. Рече дека сите потребни податоци кои се неопходни за решавање се прибираат по службена должност и се обработуваат цо соработка со Централниот регистар Фондот на ПИОМ и Хартии од вредност.

Со законското решение предвидено е да бидат опфатени околу 3.000 стечајни работници. Законот за материјално обезбедување на стечајците беше усвоен на владина седница на крајот на јули годинава, а усвоен од македонското Собрание во септември годинава.

Со законот се опфаќаат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата по 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година.

Невработено лице може да се стекне со правото ако било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци, ако му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, доколку на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) или 55 години (маж), ако работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година и доколку остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Мила ЦаровскаМТСПобештетувањестечајни работници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ