ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата настани „Во фокусот“ кој овој пат ќе се изостри на дезинформациите и пропагандата. Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари, ќе учествуваат на панел дискусијата на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“. Настанот ќе биде онлајн и ќе се одржи во среда, 23 февруари, со почеток во 13:30 часот.
Зошто се креираат дезинформациите? Кој ги креира и како се дистрибуираат дезинформациите во јавниот простор? Кои се последиците? Кои се начините на справување со дезинформациите? Колку се успешни нашето општество и институциите во справувањето со дезинформациите?
Одговор на овие прашања ќе дадат учесничките и учесниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ што ќе ја води Џабир Дерала, а во текот на настанот ќе му се придружат и дел од неговите колешки и колеги.
Настанот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.